Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јемен на праг на хуманитарна катастрофа: Милиони луѓе и деца се соочуваат со глад

0
By Sashko on September 23, 2021 СВЕТ
Фото: middleeastmonitor.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најмалку пет милиони луѓе во Јемен се наоѓаат на раб на глад, а уште 16 милиони ги чека истата судбина, бидејќи хуманитарната криза во земјата излегува од контрола, пишува „Гардијан“. Експертите велат дека ситуацијата во Јемен, земја опустошена од граѓанска војна, „брзо се влошува“, а Светската програма за храна (ВФП) изразува сериозна загриженост за бројот на луѓе кои ќе се соочат со глад во наредните недели и месеци.

Според извршниот директор на WFP, Дејвид Бисли, синџирите на снабдување во земјата се стопирани, а цените на храната „скокаат“.

Со оглед на цените на храната и недостатокот на гориво, тоа е катастрофално. Во моментот, пет милиони луѓе тропаат на вратата на глад, имаме 16 милиони луѓе кои се движат кон глад“, рече Бисли.

Тој на Генералното собрание на ОН, исто така, рече дека без дополнителни средства, организацијата ќе биде принудена да ги намали оброците за 3,2 милиони луѓе до октомври и за уште пет милиони луѓе до декември.

Портпаролката на Светската програма за храна (WFP) за Јемен, Анабел Симингтон, рече дека жителите на Јемен не можат да си дозволат основни резерви на храна.

Причините за кризата со глад во Јемен се сложени, но влијанието врз луѓето во Јемен е јасно. Обезвреднувањето на јеменскиот риал и високите цени на храната им оневозможија на обичните Јеменци да си дозволат основна храна. Потребни се 797 милиони американски долари за да го одржиме сегашното ниво на помош во следните шест месеци, а WFP е во опасност да остане без храна од октомври, рече Симингтон.

Адам Келвик, хуманитарен работник во Јемен, за НВО „Акција за хуманост“, ја опиша ситуацијата како „очајна“. Тој во вторникот ја посети болницата Ал Сабаин во западниот град Сана и рече дека е „полна до врв“ со гладни, неухранети деца.

Мораа да се прошират на други одделенија за да ги примат сите тие деца. Тоа беше ужасна глетка во која креветите беа полни со деца кои личеа на скелети. Јасно се гледа дека ситуацијата брзо се влошува и причината зошто децата се толку тешко потхранети е тоа што нивните мајки се неухранети. Очигледно, тоа значи дека тие не можат да ги дојат своите бебиња и тие завршуваат во оваа ужасна ситуација, опиша тој.

Главната причина зошто храната е толку ретка е конфликтот, а залихите не можат да се транспортираат до области каде има блокади на патиштата и борби, пишува „Гардијан“. Места погодени од најинтензивниот конфликт, како Мариб, ал-Ходеида, Таиз, ал-Дале и Лахи, се меѓу оние на кои им е најпотребна хуманитарна помош.

глад Јемен катастрофа Свет храна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.