Турскиот весник „Јени шафак“ денеска објави дека саудискиот принц Мухамед бин Салман телефонски разговарал со саудискиот новинар Џамал Кашоги, непосредно пред тој да биде убиен и наводно распарчен во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.
– Кашоги пред кобната несреќа беше во посета на Саудискиот конзулат, каде бил пристојно пречекан, понуден со чај, а потоа му беше закажана следна посета за да ги добие документите за венчавката. Кога другиот пат пристигнал во посета му беше поставена замка, наведува „Јени шафак“.
Според весникот, Кашоги во Конзулатот бил задржан на сила и му пружиле телефон.
– Кашоги беше фатен од саудиски тим во зградата на Конзулатот, а потоа принцот Мухамед разговараше со Кашоги по телефон и го замоли да се врати во Ријад. Тој ја одби понудата на принцот, ставувајќи оти ќе биде уапсен и убиен ако се врати во Саудска Арабија, по што тој е убиен, наведува турскиот провладин весник.
Саудиската новинска агенција вчера објави дека саудискиот крал Салман и принцот Мохамед бин Салман, го повикаа синот на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги, Салах, и му изразија сочувство
Откако негираше вмешаност во исчезнувањето на Кашоги, кому му се губи трагата на 2 октомври откако влегол во саудискиот Конзулат во Истанбул, Саудиска Арабија во саботата објави дека тој бил убиен во тепачка во зградата.
Во исто време, агенцијата Анадолија јави дека вереницата на Кашоги, Хатиџе Џенгиз е под 24-часовна полициска заштита. Капшоги на 2 октомври влегол во саудискиот конзулат за да земе документи кои му биле неопходни за да се венча со Џенгиз.
Таа со часови го чекала вереникот пред Конзулатот, и откако не се појавил, ги контактирала властите како што Кашоги претходно и кажал да направи.
Откако Саудиска Арабија потврди дека Кашоги е мртов, таа на арапски на Твитер напиша: „Го однесоа твоето тело од овој свет, но твојата прекрасна насмевка засекогаш ќе остане во мојот свет“.
Анадолија инфомира дека Џенгиз е под 24-часовна полициска заштита со одлука на канцеларијата на гувернерот на Истанбул.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека утре ќе објави детали за турската истрага за смртта на Кашоги.




