Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јешиќ: Им забранив на моите деца да пијат млеко!

0
By Нова ТВ on February 25, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 25, 2013 09:35


Горан Јешиќ, потпретседателот на Владата на Војводина и покраински секретар за земјоделство, изјави дека на своите деца не им дозволува да пијат млеко!

За српските медиуми рече дека млекото не е исправно и дека резултатите од новата анализа покажале уште поголемо присуство на афлатоксин во млекото.

Јешиќ тврди дека нивото на афлатоксин е зголемено за седум пати и дека официјалните резултати ќе бидат објавени за 3-4 дена.

Стотина млекопроизводители вчера во знак на револт го истурија млекото пред зградата на Владата на Војводина. Според нив ова е уште еден удар врз нив, велат „кризата е вештачки предизвиката“.

Јешиќ на новинарите им откри дека ниту една лабораторија во Србија не сакала да ги провери резултатите, па затоа примероци се испратени во Германија.

Јешиќ минатата недела прв ги објави резултатите од проверката на млекото не сакајќи да ја чека одлуката на српската влада.

За разлика од стравувањата на Јешиќ, македонските власти ја смируваат ситуацијата во Македонија.

Вчера на прес конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство во Македонија, Дејан Рунтевски, објави дека домашното млеко е сигурно и безбедно за употреба – резултатите од преку 20 испитани мостри, покажале дека концентрацијата на афлатоксин М1 секаде е под ризичното ниво.

„Македонските граѓани слободно нека го конзумираат македонското млеко, испитани се мостри на Битолска млекара, Алпи-Тетово, Здравје Радово, Струмичка млекара, Бучен Козјак и други млекари“, изјави Рунтевски.

Агенцијата информираше дека од увозните млека зголемено присуство на афлатоксин било пронајдено во неколку прaтки на Имлек, Алпско, Маестро Ниш и една пратка на Винџија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.