Новинската државна агенција „Анатолија“ соопшти дека пучот е завршен и дека  јавниот ТВ сервис е вратен под контола. 
„Обидот за државен удар е е под контрола”, изјави премиерот Бинали Јилдрим.
На улиците на Турција продолжува хаосот. Асошиејтед прес јавува за експлозија во близина на зградата на парламентот. Поддржувачи на турскиот претседател Таип Ердоган се на улица и дел од нив се конфронтираат со војниците кои се дел од државниот удар. Вашингтон веќе му даде  поддршка на Ердоган, а исто така и НАТО.