Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЈО ја отфрли кривичната пријава за раководството на Макпетрол

0
By Нова ТВ on April 23, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 23, 2018 14:27

По повеќе од две години истрага, Јавното обвинителство ја затвори кривичната постапка покрената против нафтената компанија Макпетрол, односно ја отфрли полициската пријава за Андреја Јосифовски, првиот човек на фирмата, но и уште против други 20, членови на Управен одбор, членови на надзорен одбор, како и лица од Централниот регистар, Централниот депозитар за хартии од вредност и од Комисијата за хартии, сите пријавени за злоупотреба на службена должност и овластување, објави Е магазин. 

Но сега, по правосилното решение со кое се потврдува дека Јавното обвинителство нема да покрене обвинителен акт, излегува дека цел целиот процес бил хајка за да и се наштети на компанијата, како што впрочем и се сомневаа во Макпетрол.

Станува збор за случајот со формирањето на  командитното друштво со акции ОИЛКО. Полицијата практично ги товареше осомничените за незаконско прелевање на капитал од едната во другата фирма. Во 2015-та кога беше поднесена пријавата МВР имаше проценето дека наводната штета што ја предизвикале пријавените изнесувала околу шест милиони евра. Ваквата пласирана верзија на полицијата во јавноста сега наиде на удар од обвинителството кое не може да препознае незаконите дејанија при формирањето на ОИЛКО, или било какво прелевање на капитал.

Со тоа се потврдува дека Оилко функционира легално и дека целата постапка за формирањето е легална, како што впрочем тврдеше тогаш и раководството на нафтената компанија дека со ова не е оштетен ниту еден акционер и дека пријавата е тенденциозна.. Како една од причините тогаш се дека пријавата на МВР е одмазда за изгубениот спор во кој се утврди незаконско оданочување на првите луѓе на компанијата со што УЈП беше задолжена да ги врати парите за незаконското оданочување  Бројноста на пријавите и споровите, како и обидот за преземање на компанијата, само потврдуваат дека нафтениот гигант е под континуиран притисок.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.