За потсетување, Морис намерно го фаулираше Јокиќ во центарот на теренот, по што Србинот, како одговор, го удри силно во грбот. Американецот заврши на подот, по што на носилки беше изнесен од теренот.

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ се извини за инцидентот со членот на Мајами хит, Маркиф Морис,  за време на натпреварот одигран ноќеска.

Јокиќ го удри противничкиот кошаркар од зад грб и беше исклучен.

– Тоа беше глупав чин. Се срамам. Жал ми е што се случи. Играа валкано против мене, морав да се бранам, но не требаше така да реагирам. Сè се случи во момент на емоции, истакна Јокиќ.

За потсетување, Морис намерно го фаулираше Јокиќ во центарот на теренот, по што Србинот, како одговор, го удри силно во грбот. Американецот заврши на подот, по што на носилки беше изнесен од теренот.

Од Мајами соопштија дека напаѓачот има повреда на вратот. Двајцата играчи добија втор степен неспортска грешка и беа исклучени.