Министерот за одбрана денеска при посетата на Вториот механизиран пешадиски баталјон, стациониран во Штип изјави дека Армијата и другите институции внимателно ја следат безбедносната состојба и се подготвни соодветно да реагираат

Безбедносната состојба во Македонија е на високо ниво и е стабилна, изјави денеска министерот за одбрана Зоран Јолевски при посета на Штип.

„Моментално состојбата во земјава е стабилна, но ние, како Армија, и другите институции ја следиме внимателно безбедносната состојба и сме подготвени соодветно да реагираме“, рече Јолевски.

Министерот кој денеска изврши увид на техничко-материјалната подготвеност на Вториот механизиран пешадиски баталјон, стациониран во Штип, најави модернизација на Армијата на Република Македонија (АРМ), преку десетгодишен проект вреден 17 милиони евра.