Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јон Арне Рисе со автобиографија: Белами ме удираше со палка за голф

0
By Нова ТВ on December 28, 2018 СПОРТ
Фото: liverpoolfc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот дефанзивец на Монако, на Рома, на Фулам, на АПОЕЛ и на Ливерпул, Јон Арне Рисе (38) издаде автобиографија со наслов „Running man“ во која објавува детали од приватниот живот, но и непријатности со дел од колегите во професионалната кариера. Во дел од книгата, Норвежанецот пишува за дивјачки напад од некогашниот соиграч во Ливерпул, Крег Белами во португалскиот град Алгарве во 2007 година каде „црвените“ се подготвуваа за осминафинална пресметка против Барселона во фудбалската Лига на шампиони.

„Една вечер бевме во клубот и некои фудбалери почнаа да пијат алкохол. Набрзо на масата на која седев се најде микрофон. Белами во тој момент почна да вика на цел глас крај уредот за караоке – „Рисе ќе пее, Рисе ќе пее“. Уште тогаш беше прилично пијан, а јас нервозен. Не се откажуваше, па пријдов до него, му реков „нема да пеам, престани, инаку ќе го претепам. Тоа дополнително го вознемири и почна да вика „Ќе те убијам“. Буквално се дереше на мене“, наведува поранешниот норвешки фудбалски репрезентативец.

Но, сцената од клубот имала „трето полувреме“. Велшанецот не можел да се помири со исходот и одбивањето на Рисе, па Норвежанецот продолжува:

„Среде ноќ се разбудив во мојата соба. Крај креветто стоеше Белами со палка за голф во рака. Во близина беше и неговиот цимер Стив Финан. Замавна со сета сила сакајќи да ме удри во потколеницата што сигурно ќе значеше крај на кариерата. За среќа успеав брзо да ја тргнам и да го избегнам ударот. Станав од кревет, а Белами почна почна да вика „Не ми е гајле дали ќе завршам во затвор, ќе те убијам“. Потоа ме удри двапати, по еднаш на страна и во колк, но не почувствував ништо бидејќи бев полн со адреналин. Во секој случај можеше сериозно да ме повреди“, открива 38 годишниот Рисе.

Рисе мина седум години во дресот на Ливерпул (2001-2008). За „црвените“ од „Енфилд“ одигхра вкупно 234 меча и постигна 21 гол.

Автобиографија Јон Арне Рисе Крег Белами фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.