Борбени авиони на Јордан изведоа воздушни напади еден ден откако кралот на земјата напомена дека земјата ќе се одмазди за немилосрдоноста на џихадистите од Исламската држава.
Републиканецот Данкан Хантер, кој присуствувал на состанокот со кралот Абдула, рекол дека јорданскиот крал потенцирал дека „Исламската држава ќе приреди одмазда невидена досега.
Според Хантер, Абдула бил многу бесен.
Меѓународната коалиција предводена од САД и понатаму бомбардира центри на терористичката организација во Ирак и Сирија.
Кралот Абдула неодамна го посети семејството на јорданскиот пилот кој беше запален жив, како би им изразил сочуство. Тој пред таткото на пилото рекол дека одговорот на Јордан ќе биде немилосрден.
Во меѓувреме во Вашингтон, водечките членови на Конгресот побарале поголема воена поддршка за Јордан.




