Според јорданскиот министер за надворешни работи Насер Џуда, воздушните напади кои неговата земја ги изведе вчера врз Исламската држава, се само почеток на одмаздата против џихадистите кои жив го запалија јорданскиот пилот Муат ел Касаесбех.
– Одиме по нив каде и да се, со се што имаме на располагање. Но тоа сигурно не е крајот, изјави Џуда за CNN.
Борбените авиони на Јордан вчера извршија неколку воздушни напади над центри на Исламската држава во Сирија, еден ден откако кралот Абдула порача дека ќе се одмаздат за немилосрдноста на терористите.
Сириската Опсерваторија за човекови права соопшти дека десетина џихадистите биле убиени при нападите од Јордан.
Јорданскиот пилот Муат ел Касаесбех беше киднапиран во декември минатата година, кога неговиот авион се сруши близу сирискиот град Рака, а неодамна беше запален жив во кафез.
Тој е првиот војник на Меѓународната коалиција за кој официјално се знае дека паднал во рацете на Исламската држава и е убиен.




