Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јотова: Ова се првите чекори во одмрзнување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија

0
By НОВА ТВ on May 25, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 25, 2021 06:08

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова во интервју за Бугарското национално радио изјави дека ова се првите чекори во одмрзнувањето на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, откако тие достигнале прилично безнадежна точка на развој, јави дописникот на МИА од Софија.

-Со напорите на Европската Унија, мора да се најде решение за обете земји, за да се исполни Договорот за добрососедство од 2017 година и при тоа да не се избрише меморијата ниту на Бугарија, ниту на Северна Македонија, изјави Јотова во нејзиното гостување на Бугарското национално радио, изразувајќи оптимизам дека Бугарија ќе може правилно и стручно да го пренесе својот став по ова прашање со Република Северна Македонија.

Според Јотова, тоа е исклучително важно, бидејќи постојат различни опции во врска со процесот на преговори на Северна Македонија со ЕУ, според кои одредени текстови ќе бидат напишани во првото поглавје или ќе се создаде дополнително поглавје по сите други и процесот на преговори за него нема да биде затворен сè додека не се расчистат односите меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Таа изрази надеж дека Владата на Бугарија, Министерството за надворешни работи и претседателот Радев ќе испратат добри пораки до европските партнери на Бугарија.

– Убедена сум дека историјата е нешто многу важно и убедена сум дека ова ќе биде нагласено на секој состанок, вели Јотова.

Според Јотова, мошне е важна темата за луѓето со бугарско потекло и односот кон нив, како и за малцинските групи, а имало случаи во Судот во Стразбур против Бугарија. Сето ова, според потпретседателката на Бугарија, треба да биде ставено на маса.

Таа посочи дека патот на Албанија и на Северна Македонија е во Европската Унија и Бугарија треба да биде лобист за Западниот Балкан, нешто за што Софија се заложи пред две години.

Според неа, тоа не се случило, бидејќи Владата на Борисов тоа не го направила. Таа додаде дека мора да исчезне говорот на омраза, на кој, како што рече, биле сведоци во македонските медиуми изминативе месеци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.