Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јовановска за НоваТВ по враќањето од Украина: Сознанието дека на 700 метри има војници кои може да припукаат, беше застрашувачко

0
By Mirjana on February 19, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Заштитен елек за лична безбедност. Јовановска во Украина
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во источниот дел, во регионите Доњецк и Луганск се гледаа трагите од воените дејствија, се гледаа и економските штети, се гледаше дека доста од жителите се иселиле, а тие што ги сретнавме не гледаат иднина ако продолжи ваквата постојана закана од војна, со која се соочени веќе осум години, вели новинарката Слободанка Јовановска која со група новинари од повеќе земји престојуваше во Украина

Во регионите Донецк и Луганск се гледаа трагите од воените дејствија, сведочат фотографиите што ги донесе Јовановска

НоваТВ: Како е да се биде во потенцијално воено жариште? 

-Ние новинарите од Македонија имаме некакво искуство со вакви ситуации, имајќи во предвид дека и самите се соочивме со војна во 2001 година и со други војни во регионот, бомбардирањето на Србија, бегалците од Косово… Така што, на некој начин бев поподготвена од другите колеги од Западна Европа кои беа дел од групата новинари кои престојувавме во Украина. Но, ова што се случува во Украина е од поголем формат и се заканува да стане меѓународен конфликт. Сознанието дека на 700 метри од вас се стационирани руски војници кои може во секој момент да припукаат или да гранатираат не заплашуваше, иако пред една недела ситуацијата не беше толку напрегната како сега. Ги гледате околу вас трагите од гранатирањата, скршените прозорци, разурнати домови, празните села и пустошта и тоа длабоко ве погодува. Бидејќи тоа не е фотографија од воено жариште, туку тоа е соочување со смртта и со последиците од военото лудило.  

 НоваТВ: Во ситуации како што е руско-украинската криза обично најмногу страдаат објективните информации. Како изгледаат работите одблизу? Со каков впечаток се вративте?

-Како и во секоја војна, и околу овој конфликт е најжестока пропагандата. Од вчера од вербална реторика, се прејде на намерни провокации и предизвикување инциденти кои можат да послужат како изговор за воена интервенција од руската страна. Ескалацијата на овие инциденти на линијата на фронтот ја прави војната меѓу Украина и Русија сега многу пореална. Она што не збунуваше нас и јавноста е дека многуте најавувања од западна страна дека токму на тој датум е можен конфликт не се остварија. Според мене, тоа беше дел од притисокот врз Москва да излезе и да каже какви и се намерите со трупањето војници на украинската граница и во Белорусија, бидејќи никој не верува дека се таму заради воена вежба. Едноставно, да ги извади картите на маса. Гледаме дека изјавите од таму секојдневно се менуваат – од тоа дека западните земји создаваат вештачка паника и дека не постои никаква намера да извршат напад на Украина, од завчерашната изјава дека ако не се прифатат барањата за безбедносни гаранции што ги сака Русија ќе биде принудена да одговори дури и со „ воено-технички мерки“, па до вчерашните соопштенија – и дека ги повлекува трупите од границата, и дека ќе останат во Белорусија  „се додека е потребно тоа“. Една комплетна конфузија од пропагандни пораки зад која никој не знае што стои, поради што американскиот државен секретар порача да не гледаме што зборува Москва туку што прави на терен.

НоваТВ: Што вели локалното население? Дали се уплашени?

-За првпат воената закана се однесува и на источниот и на западниот дел од Украина, поради распоредувањето на трупи на границата со Белорусија. Тоа ја правеше реална можноста на удар да се најде и Киев кој досега беше поштеден од воената закана. Оружјето што, исто така, го натрупа Русија на украинската граница, според сите оценки на воените експерти таму, е без преседан досега и сосема доволно да се изведе воена интервенција врз целата земја. Дали е тоа паметно и разумно е друго прашање. Сепак, атмосферата во Киев беше зачудувачка, ништо не асоцираше дека се во паника, дека забрзано се снабдуваат со храна или пак дека сакаат да избегаат од воената закана. Во источниот дел, во регионите Доњецк и Луганск се гледаа трагите од воените дејствија, се гледаа и економските штети, се гледаше дека доста од жителите се иселиле, а тие што ги сретнавме не гледаа иднина ако продолжи ваквата постојана закана од војна, со која се соочени веќе осум години. Но, зачудувачки, сите беа подготвени да ја бранат земјата и изјавуваа дека не се плашат. И дека единствено што сакаат е мир и нормален живот што самите ќе си го изберат, дека туѓо не сакаат, но своето не го даваат и ќе го бранат.  

Во регионите Донецк и Луганск се гледаа трагите од воените дејствија, сведочат фотографиите што ги донесе Јовановска

НоваТВ: Западните земји пред неколку дена упатија драматични апели до свои граѓани и дипломати итно да ја напуштат Украина. И Вие бевте во тие мигови во Украина. Имаше ли навистина зголемена напнатост тие денови?

-Напнатоста е константна, но за жал, како што оценија многу наши соговорници Украинци, луѓето таму се навикнаа да живеат со воената состојба. Ние, известувачите и другите странци во ист ден бевме повикани да се евакуираме од земјата со порака дека, ако не го сториме тоа, не ќе можеме да сметаме натаму на помош од дипломатските преставништа, бидејќи не можат да ни гарантираат дека можат да не извлечат. Некои авиокомпании почнаа да ги откажуваат летовите во Украина, но сепак на аеродромот немаше видливо масовно напуштање на земјата. Некако, никој не можеше да поверува дека ваква војна е можна во денешниот цивилизиран свет меѓу две големи земји, најголеми во Европа, која може да заврши како светска војна. Дека некој ќе си дозволи да убива цивили затоа што украинската влада побарала членство во НАТО и веќе две децении не го добива. И дека некој ќе бомбардира  држава која со ништо не дала повод за таква интервенција.    

НоваТВ: Каква разврска предвидувате?

-Мислам дека кризата ќе продолжи и дека, колку и да се звецка со оружје, Москва ќе се обиде пред се да добие отстапки на преговарачка маса, но не исклучувам и воена интервенција, која овојпат нема да помине без реакција од НАТО, САД и други од меѓународната заедница. Мислам дека авантурите на рускиот претседател Владимир Путин на туѓи територии веќе нема да се толерираат.    

С.К.

Руско-украински конфликт Слободанка Јовановска Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.