Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јовески: Бавната правда е неправда – oбвинителите и судиите треба да ја обезбедат еднаквоста на граѓаните пред законот

0
By НОВА ТВ Balaban on December 2, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 2, 2021 10:51

Ниту една држава, без разлика колку е демократска, не е имуна на корупција. Но ова не треба да ни биде алиби или оправдување за толерирање на оваа општествена болест која ја разградува економијата, ја урива демократијата и не оддалечува од посакуваната иднина во Европската унија, рече Јовески

„Предизвикот на обвинителите и судиите во битката за обезбедување на владеењето на правото и еднаков пристап до правдата е секојдневен. Во таа битка тие често се критикувани и напаѓани“, истакна Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески во синоќешното обраќање на свечениот настан по повод 15-годишнината од создавањето на Академијата за судии и јавни обвинители. Сепак, додаде тој, ова треба да биде само поголем мотив за јавните обвинители и судиите да ја извршуваат функцијата професионално, непристрасно и одговорно.

Јовески ја нагласи виталната улога што ја има правосудството во креирањето на основите врз кои почива секоја демократија.

„Ние, обвинителите и судиите, во работата и одлуките кои ги носиме, мора да ја обезбедиме еднаквоста на граѓаните пред законот. Се додека не се постигне тоа, граѓаните нема да имаат доверба во нашата работа. Тоа ја поткопува правната сигурност во општеството и е плодно тло за корупцијата која не познава граници и подеднакво ги напаѓа развиените и неразвиените држави“, рече Јовески. „Ниту една држава, без разлика колку е демократска, не е имуна на корупција. Но ова не треба да ни биде алиби или оправдување за толерирање на оваа општествена болест која ја разградува економијата, ја урива демократијата и не оддалечува од посакуваната иднина во Европската унија“.

Тој потенцираше дека не треба да се бараат оправдувања за критиките за неефикасност на кривичниот прогон, за застарување на гонење и за неефикасност на рочиштата. „Долгото траење на постапките не ја обезбедува правдата и со право се вели дека бавната правда, често е и неправда. Граѓаните со право бараат брза и ефикасна правда. Не смее да се дозволи, по одржани повеќе од 100 рочишта во конкретен предмет во кој има и човечки жртви, да не се донесе одлука“, рече Јовески, додавајќи дека „на оние судии и обвинители кои се раководат од други интереси, а не од професионалните, не им е место во нашите редови“.

„Сум ја вршел судската сега и обвинителската функција и затоа можам да кажам дека и чест и гордост, но и голема одговорност е да си обвинител или судија. Јавната доверба во правосудниот систем и во моралниот авторитет и интегритет на обвинителите и судиите е од голема важност во демократското општество. Мора да се работи независно, врз основа на доказите и фактите во постапката, без надворешн влијанија, предубедувања, притисоци, закани или мешања“, апелираше Јовески, додавајќи дека правосудните реформи не смеат да бидат само на хартија.

Според него, Академијата за судии и јавни обвинители е пред постојан и сериозен предизвик да едуцира и да подготви искусни и со интегритет обвинители и судии, кои нема да го користат и злоупотребуваат правото, туку ќе обезбедат негово владеење и ќе го гарантираат основниот уставен постулат за еднаквост на граѓаните. „Реформите во правосудниот систем не би биле одржливи без соодветно подготвени професионални кадри. Во почетната и континуираната обука што се одвива во рамките на Академијата треба да се применат најдобрите европски практики, а особено внимание да се посвети на зајакнување на интегритетот на јавните обвинители и судиите и на обучување на теми поврзани со спречување и борба против корупцијата“, рече државниот јавен обвинител.

Почесни обраќања на свечениот настан имаа и Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, министерот за правда Бојан Маричиќ, претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, претседателот на Советот на јавните обвинители Антонио Јолевски и заменик претседателот на Судскиот совет Селим Адеми.

Притоа беше истакнато дека Академијата за судии и јавни обвинители има клучна улога во процесот на подготовка и континуирано професионално усовршување на судско-обвинителските кадри, како единствена гаранција дека во правосудството ќе влезат најдобрите. Повеќе во видеото подолу:

​

Академијата за судии и јавни обвинители Бавната правда Љубомир Јовески неправда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.