Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЈП Водовод и канализација – Скопје од денес први во јавниот сектор инсталираа дигитален асистент

0
By Mirjana on July 19, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 19, 2022 13:39

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје ви ја претставува Ана, дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција кој има за цел да им помогне на граѓаните на Скопје со услугите на јавното претпријатие. Ова е прва и единствена технолошка иновација од ваков вид во јавниот сектор на ниво на нашата државa сѐ со цел побрзо решавање на барањата на граѓаните и подобрување на корисничкото искуство.

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја започна оваа иницијатива со цел да им излезе во пресрет на граѓаните и да им помогне во брзо и ефикасно доставување на нивните барања, исполнување на нивните обврски без чекање и во секое време, зголемување на бројот на електронски корисници, а со тоа и да ги направи услугите на претпријатието полесно достапни за граѓаните како и да делува во насока на намалување на трошоците.

Дигиталниот асистент може навремено да ве известува за планирани и непланирани прекини во водоснабдувањето во реонот во кој живеете во Скопје, може да ви помогне лесно да ги платите и да направите увид во вашите неплатени сметки, да пријавите дефекти на територијата на градот, и да поднесете корисничко барање. Корисниците исто така ќе добиваат брзи и точни одговори за прашања поврзани со услугите на Водовод, како и самата институција.

Дополнително, Ана може да ви помогне да заштедите вода преку советите за штедење на вода кои ќе влијаат на вашите секојдневни навики.

Штом на месинџер на фејсбук им пишете на Водовод и канализација, ќе го добиете овој текст подолу. 

Со воведување на ваков вид на иновација, корисниците на ЈП Водовод и канализација – Скопје ќе имаат можност да добијат одговори на своите прашања и да поднесат барање без да мора да посетуваат некои од пунктовите или да се јавуваат во Контакт-центарот и на едноставен начин да пристапат до виртуелниот асистент што ќе одговори на сите нивни прашања, во секое време.

Ана е креирана со помош на CodeWell AI, напредна технолошка платформа, која овозможува креирање на паметни дигитални асистенти кои можат да го зборуваат и разбираат било кој јазик со многу висока прецизност и можат да бидат истренирани како експерти во било кое поле.

Од денес со Ана ќе може да зборувате на официјалната веб-страница на ЈП Водовод и канализација – Скопје, мобилната апликација, достапна за Android и iOS, или преку апликациите Facebook Messenger на Facebook страната на претпријатието и Viber на следниот линк: viber://pa?chatURI=vodovod-skopje или со скенирање на QR кодот. 

 

Водовод и канализација со дигитален асистент Ана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026Updated:June 16, 2026

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

ВЕСТИ June 16, 2026

Неколку ирански бродови поминаа низ зоната на американската поморска блокада во Оманскиот Залив, според иранските…

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

June 15, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.