Од утре (вторник, 11.01.2022 год.) во 22 часот до среда ќе нема плаќање на автобуски билет со мобилен телефон преку бројот 185, известуваат од ЈСП Скопје. Причина, како што се вели во соопштението на компанијата, е надградба на системот за електронска наплата.
„Ве информираме дека утре, вторник (11.01.2022 год) од 22 часот, нема да функционира опцијата за плаќање билет во јавен превоз со мобилен телефон (валидација преку бројот 185). Прекинот на оваа услуга, ќе биде од времен карактер, поради надградба на системот за електронска наплата. Од среда (12.01.2022 год), опцијата за плаќање со мобилен телефон ќе биде достапна“, истакнуваат од ЈСП Скопје.