Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЈСП Скопје почнува со дезинфекција на автобусите и на Жичницата на Водно

0
By Нова ТВ on February 28, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дела ќе започне со дополнителна (вонредна) дезинфекција на возилата вклучени во јавниот превоз, како и на кабините на жичницата на Водно. Секој автобус по завршување на смената и утврдената рута, ќе биде дезинфициран со соодветно средство на база на алкохол и Дезинтал 10%, односно со распрскување ќе се третира внатрешноста на автобусот, а рачно ќе се дезинфицираат и одделни делови од возилото како ракодржачи и слично.

Дополнителната дезинфекција се презема како мерка за заштита од корона-вирусот со оглед на тоа што јавниот превоз во Скопје во просек секојдневно го користат меѓу 115.000 и 130.000 граѓани, а стотици граѓани ја посетуваат и ја користат жичницата. Оваа мерка ќе се врши секојдневно, до новите препораки од надлежните институции.

Нема нови случаи на корона-вирус во земјата

Нема нови случаи на лица позитивни на коронавирус во земјава. Негативни се тестовите на трите лица кои со симптоми на грип вчера се јавиле на Инфективната клиника. Според надлежните и експертите, простор и причина за паника нема. Ситуацијата е под контрола, постојано се следи, а институциите се подготвени за брза реакција и ги преземаат сите неопходни мерки согласно меѓународните протоколи. Надлежните апелираат до граѓаните да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство, да се однесуваат одговорно и да не шират дефетизам.

Единствен случај на лице заразено со коронавирисот останува веќе хоспитализираната пациентка на Инфективната клиника во Скопје, која со комбе допатува од Милано.

„Пациентката со потврден коронавирус се чувствува добро, има лесна клиничка слика и нема посериозни компликации, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој информира дека 12 лица кои биле во контакт со 50-годишната скопјанка се наоѓаат во изолација во домашни услови со забрана за напуштање на живеалиштето или примање на посета. Тие се здрави и немаат никакви симптоми. Филипче потенцира дека на овие лица храна и вода и други потребни намирници ќе им доставуваат припадници на Црвениот крст.

Останува во сила препораката за компаниите и институциите да не дозволуваат на вработените, кои во овој период биле во Италија, да доаѓаат на работа затоа што прво мора да минат 14 дена во домашна изолација, период колку што трае инкубацијата на вирусот, како и препораката да не се патува во земјите каде има епидемија, без некоја поголема потреба.

Владата претходно формира координативно тело, а состанок одржа и Комисијата за заразни болести на кој беа потврдени заштитните мерки. Обезбедени се и соодветни објекти, како и простории за дополнителна изолација, ако за тоа евентуално се јави потреба. Потребната опрема и прашалниците што треба да ги пополнат патниците кои влегуваат во државава, се дистрибуирани до аеродромските служби и граничните премини.

Во меѓувреме, поради новонастанатата ситуација со зголемениот број заболени во Италија, присуството на корона-вирус во Хрватска, како и потврдениот прв случај во Грција, откажани се сите екскурзии кои ги организираат државните институции, основните и средните училишта.

Клухе: Нема место за паника

Регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клухе, кој е во посета на земјава смета дека подготвеноста на властите во справувањето со корона-вирусот е одлична.

„Северна Македонија направи добра проценка на капацитетите дали има доволно човечки ресурси и инфраструктура, дури и пред да се појави првиот случај на болеста“, изјави тој и додаде дека земјата ги применува сите стандардни оперативни процедури на влезните точки, вклучително и на меѓународните аеродроми.

 

Запрашан дали има место за паника и колкава е смртноста од корона-вирусот во споредба со сезонскиот грип, Клухе вели дека нема причина за паника.

„Ќе бидам директен – не постои причина за паника. Јас како специјалист за инфективни болести имам целосно разбирање за загриженоста на луѓето за нивното здравје и здравјето на нивните семејства. Вирусот е нов, затоа имаме сериозен пристап. Но, треба да имаме предвид дека има околу 81.000 случаи од кои 97 отсто се во Кина, а останатите три во 47 земји“, рече Клухе.

Освен здравствени проблеми, појавата и ширењето на корона-вирусот може да предизвика и економски проблеми. Директорот на Делегацијата на германското стопанство во државава, Патрик Мартенс вели дека станува збор за глобална криза која нема да предизвика застој само во Северна Македонија, туку застој во стопанството во целиот свет.

„Да, ќе има делумно влијание на стопанството во Македонија. Но, сметам дека македонското стопанството во брз и краток рок ќе успее да се опорави од тоа. Поголемиот проблем со кој се соочуваме моментно во земјата е недостигот на стручен работен кадар кој ние, како Делегација на германското стопанство се обидуваме преку нашиот проект за дуално стручно образование што го имплементираме во земјата да го помогнеме“, рече Мартенс.

Корона-вирусот за првпат се појави во Вухан, Кина на 12 декември во 2019 година. По брзото ширење на болеста, големиот број жртви и заразени, Светската здравствена организација (СЗО) на 30 јануари прогласи „меѓународна вонредна состојба“.

Болеста на респираторните патишта се пренесува преку кивање и кашлање, но и преку допир со нечисти раце. Лекувањето е симптоматско, во зависност од манифестациите на болеста. Клиничката слика варира од лесна настинка до потешка форма, во зависност од зафаќањето на белите дробови. Ризик за најлош исход има кај постари, хроинично болни луѓе или лица со претходни заболувања на белите дробови. Околу 80 проценти од 80.000 заболени во светот се целосно излекувани, кај 15 отсто од случаите има компликации што се сериозни кај пет отсто од заразените. Смртноста е близу два процента.

автобуси дезинфекција Жичница ЈСП Скопје Корона-вирус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.