Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ју-Ес опен: В. Вилијамс и Мугуруза во осминафинале, Чилиќ се спакува

0
By Нова ТВ on September 2, 2017 СПОРТ
Фото: usopen.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Венус Вилијамс ги распрсна сништата на Марија Сакари за прво гренслем осминафинале во кариерата. Американската ветеранка триумфира со 6:3, 6:4 и закажа дуел со Карла Суарез Наваро во топ 16 фазата на Ју-Ес опен.

Повозрасната од сестрите Вилијамс, која синоќа стана тетка (се породи Серена), беше преголем залак за единствената грчка тениска претставничка во Њујорк во двете поединечни конкуренции и двете во двојки (женски и мешани). Сакари посакуваше и се надеваше дека е можна реприза на успехот на Елени Данилиду од 2004 година на истиот овој турнир, но желбите и реалноста не секогаш одат заедно.

Венус Вилијамс го скрши отпорот на 95 светска тенисерка со својот сервис. Дури 75 од првите удари ги претвори во поени и со длабочински топки успешно ја држеше Сакари далеку од мрежата. Притоа направи и 24 неизнудени грешки меѓутоа ги искористи четирите брејк прилики и обезбеди пласман во четвртото коло на Ју-Ес опен, турнир што го освојуваше двапати во минатото. Со своите 37 години е највозрасна тенисерка на женскиот дел од гренслемот што, сепак, не и се пречка да докаже дека може и до, намјалку, трето гренслем полуфинале во 2017 година по Австралија опен и по Вимблдон.

Нова уверлива партија на Мугуруза за убедлива победа над Рибарикова

Фото: usopen.org

Гарбиње Мугуруза и по третпат ја потврди одличната форма во која се наоѓа. Шпанската тенисерка загуби само два гема во мечот со Магдалена Рибарикова (6:1, 6:1) за што ѝ беа потребни 61 минута. Најголемата фаворитка за преземање на приматот на Анџелик Кербер во Њујорк и овојпат импресионира со силниот сервис, со агресивните ритерни и офанзивната игра со чести излегувања на мрежа.

„Во секој меч влегувам како да е финале. Раните фази на турнирите се секогаш тешки и кријат опасности. Затоа сум фокусирана да одиграм најдобро што знам и можам и на секој настап му приоѓам со цел да победам. Постојано очекувам од противничките да заиграат добро, затоа и јас не се опуштам“, рече Мугуруза која во наредното коло ќе се пресмета со Петра Квитова.

Машкиот турнир остана и без Марин Чилиќ

Фото: usopen.org

Хрватскиот тенис остана без последните три адути на Ју-Ес опен. Ако елиминациите на Дона Векиќ и на Борна Чориќ не е особено изненадувачка, тогаш поразот на Марин Чилиќ и тоа како се вбројува во редот на сензации. Петтиот носител го заврши учеството на турнирот по дуел со Диего Шварцман. Аргентинецот славеше со 4:6, 7:5, 7:5, 6:4 за дополнително расчистување на патот до полуфинале за Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Јужноафриканецот Кевин Андерсон, претходно, го порази Чориќ со 6:4, 6:3, 6:2, судбина каква што доживеа и неговата сонародничка Дона Векиќ во мечот со Летонката Севастова (2:6, 3:6).

Ју-Ес опен – натпреварувачки ден 5

Жени, 3 коло

Мугуруза (3., Шпанија) – Рибариков (Словачка) 6:1, 6:1

В. Вилијамс (9., САД) – Сакари (Грција) 6:3, 6:4

Квитова (13., Чешка) – Гарсија (18., Франција) 6:0, 6:4

Севастова (16., Летонија) – Векиќ (Хрватска) 6:2, 6:3

Гергес (30., Германија) – Круниќ (Србија) 6:3, 6:3

Стивенс (САД) – Барти (Австралија) 6:2, 6:4

Суарез Наваро (Шпанија) – Макарова (Русија) 6:1, 3:6, 6:3

Мажи, 3 коло

Карено Буста (12., Шпанија) – Мау (Франција) 6:3, 6:4, 6:3

Пуј (16., Франција) – Кукушкин (Казахстан) 2:6, 6:3, 6:4, 6:4

Квери (17., САД) – Албот (Молдавија) 4:6, 6:2, 6:4, 6;4

Андерсон (28., Ј. Африка) – Чориќ (Хрватска) 6:4, 6:3, 6:2

Шварцман (29., Аргентина) – Чилиќ (5., Хрватска) 4:6, 7:5, 7:5, 6:4

Шаповалов (Канада) – Едмунд (В. Британија) 3:6, 6:3, 6:3, 1:0 – Едмунд го предаде мечот

Лоренци (Италија) – Фабијано (Италија) 6:2, 6:4, 6:4

Венус Вилијамс Гарбине Мугуруза Ју-Ес опен Марин Чилиќ тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.