Европската унија би требало да има заеднички воени сили, кои би се дополнувале со НАТО, изјави денеска претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во годишното обраќање пред Европскиот парламент во Стразбур каде доминираше темата – што со ЕУ по Брегзит.

– Мора да работиме на воспоставување заеднички воени сили. Тие би требале да бидат дополнување со НАТО, што пак од економска гледна точка би значело дека здружувањето би ги оправдало европските воени ресурси.

– Недостатокот на соработка  е нешто што Европа ја чини од 20 до 100 милијарди долари годишно, оцени Јункер.

Тој предложи формирање Европски фонд за одбрана до крајот на годината за активно стимулирање на истражувањето и развојот во оваа област.

Во говорот Јункер порача дека безбедноста на ЕУ не е загрозена со одлуката на Британија да го напушти блокот, апелирајќи на Лондон што побрзо да го започне процесот на „развод“.

Тој истакна дека ЕУ во исто време и ја почитува и жали за одлуката на Британија, но дека таа воопшто не е спорна.

Во говорот што го започна на германски јазик, Јункер истакна дека сака Брегзит да се случи што поскоро за да можат да се преземат неопходни чекори за односите со Британија, кои мора да останат пријателски, да добијат нов облик. Сепак ја предупреди Британија дека не може да има пристап до единствениот ЕУ пазар без слободно движење на луѓето.

Во годишното обраќање, Јункер обелодени инвестициски план за Африка и соседството, со почетен фонд од 44 милијарди долари, и можност тој да се дуплира, чија цел е да се намали бранот миграција кон Европа.

Тој ја повтори реченицата која ја кажа минатата година, дека нема доволно Европа и нема доволно Унија, алудирајќи на тоа дека предност се дава на националните пред заедничките интереси.

– Европските интеграции не смеат дека бида по националниот интереси. Европа не смее да стане безлична маса. Ние сакаме да градиме. Сакаме подобра Европа, рече Јункер.

Тој укажа дека популизмот не е решение, туку дека создава проблеми и дека од тоа треба Европа да се пази. „Ние не сме САД“, рече Јункер.

На крајот од говорот тој ја повика секоја земја членка да преземе поголема одговорност, додавајќи дека паролата ќе бие дека не се откаќуваат од заедничкиот сон.