Претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер вети дека ќе побара од Тексас и Охајо да излезат до САД ако американскиот претседател Доналд Трамп продолжи да се радува на излегувањето на Британија од ЕУ.
На конгрес на Европската народна партија Јункер коментираше иронично за државите кои се радуваат на Брегзит почнувајќи од САД.
„Во таа држава штотуку избраниот претседател се радува да види како Британија ја напушта ЕУ. Ако продолжи така ќе ги охрабрам Охајо или Тексас да ги напуштат САД. Брегзит не е крај на се, но треба да го претвориме во почеток на нешто нови што ќе биде посилно и подобро“, изјави Јункер.
Трамп во неколку наврати го коментираше излегувањето на Британија од ЕУ, популарно познато како „брегзит“. Еден ден по референдумот, тогаш републиканскиот кандидат на американските претседателски избори од Шкотска порача дека победата на брегзитот е „голема работа“ за Британците, бидејќи граѓаните на „Велика Британија си ја вратиле државата“.
https://www.youtube.com/watch?v=1RsjZBlON88