НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јурова: Сакам ЕУ да стане центар на слободата на медиумите

0
By Gabi Tocko on April 30, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Foto: Wikimedia Commons
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, сака Европската унија да стане центар на слободата на медиумите, но претходно „мора да си ја среди сопствената куќа“ и да ја зајакне независноста на новинарите.

European Newsroom, проект на 18 европски новински агенции, разговараше во пресрет на Денот на слободата на медиумите – 3 мај со Јурова за Европскиот закон за слобода на медиумите, иницијативата против тужбите SLAPP и општата состојба на медиумите во Европа.

Јурова им оддаде почит на сите новинари и медиумски работници кои „ги ризикуваат своите животи за да не информираат“, како што се оние „кои сега се на бојното поле во Украина, на линијата на фронтот под руските бомби и очајно ни требаат таму за да ги знаеме фактите“. Таа рече и дека размислува на новинарите кои „работат во авторитарни режими и оние кои се в затвор“.

Таа конкретно го спомена американскиот новинар Еван Гершкович, кој беше уапсен од Русија во март, и побара „континуиран притисок“ врз Москва да го ослободи „бидејќи тоа е безобразен напад врз новинари, но и врз слободата на изразување“.

Сакам Европската Унија да ја предводи борбата за заштита на овие храбри гласови и сакам таа да стане она што јас би го нарекла центар на слободата на медиумите, рече Јурова.

Но, за да стане центар на слободата на медиумите, ЕУ мора прво да ја „среди својата куќа“, предупреди Јурова, која ја нагласи потребата од зајакнување на независноста на медиумите, заштита на јавниот медиумски сервис и јавно објавување информации за сопственоста на медиумски компании. Треба да постои транспарентност и во однос на парите што властите ги трошат за институционално рекламирање и медиумите што ги користат за таа цел.

Во септември минатата година, Комисијата го предложи Европскиот закон за слобода на медиумите (ЕМФА) за подобра заштита на независните медиуми од влијанието на државата. Се прават напори правно да се зајакне принципот на информирање како јавно добро по скандалот со шпионирање новинари, сомнежите за независноста на јавните медиуми и нетранспарентноста на владините кампањи во медиумите.

Овој иден закон „многумина го критикуваат, но ние ја правиме вистинската работа со тоа што ги предупредуваме земјите-членки да одржуваат силни и независни јавни медиумски сервиси без државни или партиски тенденции бидејќи токму тоа го гледаме во Полска и Унгарија“. Осврнувајќи се на критиките на германските издавачи за споменатиот закон, таа рече дека им било тешко да „проголтаат“ дека првпат ќе бидат регулирани на ниво на ЕУ.

Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ во моментов преговараат за предложената легислатива. Земјите-членки би можеле да постигнат договор во Советот на ЕУ до средината на оваа година, а Европскиот парламент би можел да го изрази својот став во октомври. Потоа двете страни ќе треба да преговараат за заедничка позиција.

Овој предлог, објасни Јурова, „значи исто така добредојде на независните медиуми кои треба да побегнат од цензурата во својата татковина“, поради што Брисел се обидува да „осмисли ефикасна помош за руските новинари кои живеат во егзил во ЕУ за да можат да продолжат да си ја извршуваат својата работа“.

Брисел смета дека ситуацијата е значително влошена во неколку земји-членки и тврди дека „мора да се заштитат уредувачката слобода и независност и силата на медиумите како важни чинители во демократскиот систем. Предлагаме да се забрани мешањето на земјите-членки или политиката во животот на медиумите и во уредувачката содржина“, потсети Јурова.

Таа, исто така, ја нагласи потребата од дејствување, особено во источноевропските земји кои сега се членки на ЕУ, но во минатото припаѓаа на советската орбита, каде што „потребни се силни медиуми за да може да се спротивстави на интензивната руска пропаганда која вроди со плод бидејќи теренот е сосема погоден“.

Јурова, која беше еврокомесар за правда во претходниот состав на ЕК, истакна и дека не сака „злоупотреба на судскиот систем против новинарите и слободата на изразување“ во Европа.

Посебен проблем се таканаречените SLAPP тужби, неосновани и злонамерни тужби против новинари, медиумски компании и активисти со цел да се замолчат. Тие се сметаат за посебен облик на вознемирување на новинарите бидејќи судските процеси обично се одолговлекуваат со години и од обвинетиот се бараат огромни пари и време.

Кон крајот на 2021 година, Брисел ја предложи Директивата против SLAPP, која има за цел да ги заштити новинарите од злоупотребата на судски спорови. Таа директива е во законодавна постапка и процесот „не е лесен“, признава Јурова, иако се надева дека ќе биде одобрена пред крајот на овој состав на Парламентот кон средината на 2024 година.

Убедена сум дека новинарите мора да си ја вршат својата работа без страв. Сето ова е клучно за време на избори, за време на војна, но и во нормални времиња. Во секој момент на демократијата и треба силна медиумска моќ, истакна Јурова, посочувајќи ја важноста од борбата против дезинформациите.

Според ЕК, наводната клевета е една од најчестите причини за поднесување SLAPP тужби против новинари. Според годишниот извештај на Платформата за безбедност на новинарите при Советот на Европа, што беше објавен на 7 март, се почесто се поднесуваат тужби за клевета против новинари и медиумски организации во Албанија, Бугарија, Хрватска, Франција, Италија, Полска и Србија.

Платформата забележа неколку случаи во кои новинари биле парично казнети поради известување.

Во февруари, Комисијата објави извештај според кој Твитер заостанува во борбата против дезинформациите, и покрај тоа што доброволно се потпиша на Кодексот на пракса за дезинформации.

Јурова рече дека пред да стапи во сила Законот за дигитални услуги (ДСА), се уште има простор за дијалог и дека навистина би сакала да му ја објасни на Илон Маск нивната филозофија – дека тие се заштитници на слободата на говорот, заштитници на слободата на изразување. „Затоа создадовме толку комплициран систем, а тоа е Кодексот на пракса (за дезинформации)“, додаде таа.

Сепак, „слободата на говор во ЕУ не е неограничена“, додаде таа. Со Законот за дигитални услуги, ЕУ се обидува да наметне построги правила и поголема одговорност на дигиталните платформи. Јурова го повтори своето разочарување од напорите на Твитер да се спротивстави на ширењето лажни вести и рече дека таа лично се чувствува „многу непријатно на Твитер, поради нерегулирана руска агресивна пропаганда“.

Не можам да предвидам што ќе се случи со Твитер откако ќе стапи во сила Законот за дигитални услуги. Би ја споредила ситуацијата со возење на автопат: ако ја надминете дозволената брзина, ќе добиете казна и еден ден може да ви биде одземена возачката дозвола. Ова е општата визија како ДСА ќе се применува во иднина во случаи на непочитување, објасни потпретседателката на ЕК, Јурова.

Г. Т.

Вера Јурова дезинформации ЕУ слобода на медиуми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.