Published: Monday, November 16, 2015 14:30
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун ќе ја посети Северна Кореја оваа недела, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
Засега нема коментар од ОН, пренесува BBC. Доколку оваа средба се случи, тоа ќе биде прва посета на еден шеф на ОН во земјата на Ким Јонг ун во последните 20 години. Земјата е изолирана со санкции од страна на ОН, на ЕУ и на САД поради своите нуклеарни тестови.
Иако нема официјален датум, според протоколот, Бан Ки-мун би требало да оствари средба со младиот лидер на земјата. Бан Ки-мун би бил третиот генерален секретар во историјата, која ја посетил Северна Кореја.




