Во Јужна Кореја денеска се избира нов претседател на земјата.
Станува збор за предвремени претседателски избори поради корупцискиот скандал по што беше сменета претседателката Парк Геун Хје.
Според сите анкети на изборитесигурен победник е либералниот кандидат Мун Џае Ин кој се залага за подобрување на односите со Северна Кореја.
Неговата победа ќе значи и крај на речиси десетгодишното валдеење на конзервативците.
Новина е и тоа што новиот претседател ќе ја положи заклетвата веднаш по прогласувањето на резултатите од изборите, наместо досегашниот двомесечен преоден период.
Отповикувањето на бившата претседателка Парк го изменија изборниот календар во Јужна Кореја и сега новиот претседател ќе има целосен петгодишен мандат.
Парк во моментов се наоѓа во затвор во близина на Сеул каде го чека почетокот на судењето врз основа на обвинението дека изнудувала пари од компанијата, земала мито од некои претпријатија и направила други престапи во соработка со нејзината долгогодишна советничка.
Судењето се очекува кон крајот на овој месец.




