Северна Кореја утрово по локално време лансираше неидентификуван проектил, јави јужнокорејската агенција Joнхап.
Повикувајќи се на Генералштабот на армијата на Јужна Кореја, агенцијата информира дека Северна Кореја лансирала проектил од Вонсан, во провинцијата Кангвон, источно кон морето.
САД го повикаа Пјонгјанг да се „воздржи од провокации“ и да остане посветен на нуклеарните разговори.
– Ја повикуваме Северна Кореја да се воздржи од провокации и да се придржува кон своите обврски во согласност со резолуциите на Советот за безбедност на ОН, како и да остане вклучена во преговорите со цел да се обезбеди мир и стабилност на Корејскиот Полуостров и да се спроведе нејзината денуклеаризација“, изјави денеска во Рим портпаролот на Стејт департмент, каде што во моментов се наоѓа американски државен секретар Мајк Помпео.




