Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јужноафриканскиот претседател Зума конечно поднесе оставка

0
By Нова ТВ on February 14, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Џејкоб Зума поднесе оставка на функцијата претседател на Јужна Африка, и со тоа стави крај на повиците за повлекување по обвинувањата за неколку корупциски скандали, кои доведоа губење на поддршката од неговата владејачка партија Африкански национален конгрес.

-Не треба да се губат животи поради мене, а исто така ниту во АНК никогаш не треба да има поделби поради мене, рече Зума во телевизиско обраќање до јавноста вечерва.

Овој чекор следи откако АНК свика вонредно гласање за недоверба на лидерот, еден ден откако јавно побара негова оставка. Партиските функционери во вторникот одлучија да побараат “повлекување” на Зума, откако не успеаја лично да го убедат  да се повлече.

По објавувањето на оставката, Зума изјави дека не се согласува со одлуката на неговата  партија и дека отсекогаш бил “дисциплиниран член на АНК”.

-Откако ќе заминам од функцијата, ќе продолжам да им служам на луѓето од Јужна Африка, како и на АНК, организацијата во која го поминав целиот мој живот, рече Зума.

Зума (75) преживеа повеќекратни обиди од опозициските партии да го соборат за време на неговите повеќе од осум години на власт, со што го доби прекарот “Тефлонски претседател”.

АНК со месеци се обидуваше да изнуди оставка од Зума . Тој беше отстранет од лидерската позиција во партијата во декември, кога со тесно мнозинство беше избран милионерот Сирил Рамафоса, поранешен синдикален водач , наместо противкандидатката Нкосазана Дламини-Зума, поранешна сопруга на Зума.

Рамафоса во неделата изјави дека неизвесноста околу иднината на Зума нанесува штета на партијата.

Како што пренесуваат медиумите во светот, специјалната единица на Јужна Африка денеска извршила претрес во домот на фамилија која се поврзува со Зума, како една од највлијателните во државата.

Тројца луѓе биле уапсени како дел од истрагата која се води за богатото семејство Гуптас, кои се обвинети дека преку Зума успеале буквално да ја поседуваат државата со економско и политичко влијание.

За сега и Зума и Гуптас ги отфрлаат обвинувањата.

Кои се моќниците Гуптас?

Оваа фамилија од индиско потекло има широки крупни бизниси во Јужна Африка, од технологија, рудници, авиокомпании, медиуми и слично.

Тројцата браќа Атул, Раџеш и Аџај се преселиле во Јужна Африка во 1993 годин од Индија. Тие важат за блиски пријатели на синот и ќерката на Зума.

Според јужноафриканските критичари, ова семејство буквално ја држело државата во своите канџи, а така успеале да ги прошират своите бизниси.

Зума. оставка скандал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.