Јужнокорејското специјално обвинителство кое го истражува корупцискиот скандал во кој е вмешана претседателката Парк Геун Хје изјави денеска дека ја разгледува можноста насилно да влезе во нејзината канцеларија поради истрага, откако претседателството одбило да овозможи пристап, јавува агенцијата Јонхап.
Специјалните обвинители истакнуваат дека Парк со пријателката Чо СУн сил и соработниците вршела притисок врз големите компании да дадат придонес во фондови кои се основани за да ги поддржат нејзината политика, пренесува Ројтерс.
Обвинителите велат дека им е потребен пристап до претседателските простории за да спроведат истрага, но Кабинетот на Парк не го дозволува тоа.
Парк ужива имунитет од кривично гонење се додека е на функција иако власта и е суспендирана, откако Парламентот одлучи таа да отстапи од функцијата. Конечната одлука е на Уставниот суд.




