Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каде е и со каков статус е Суета која ја преплавија шеесетина илјади марокански мигранти?

0
By Zoran Ivanov on August 1, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 1, 2026 13:29

Сеута често се нарекува шпанска енклава во Северна Африка. Во географска смисла, сепак, попрецизно е да се опише како шпанска енклава и полуенклава. Само 14 километри го делат европскиот и африканскиот брег, но изградбата на мост е речиси невозможна.

Скоро 60.000 мигранти во последните два дена од јули преминаа од обиделе да преминат Мароко во шпанската северноафриканска територија Сеута.

Бројката е според првичните проценки на шпанското Министерство за внатрешни работи. Меѓу оние кои тргнале на опасниот пат има и стотици деца, а дел од нив, според локалните информации, заминале без знаење на своите родители.

Обидите за преминување имаат и трагичен биланс. Бројот на загинатите достигна 27 лица. Според локални извори, дел од нив се удавиле, додека други настрадале во хаосот и метежот што настанал при масовното движење кон територијата под шпанска контрола. Шпанските власти во Сеута испратија дополнителни полициски и воени единици. Градот, кој има околу 85.000 жители, се соочува со сериозен притисок врз капацитетите за прием, додека голем број мигранти остануваат на улиците.

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска пристигна во Сеута и најави воспоставување привремен центар за регистрација и тријажа. Властите планираат и забрзување на постапките за враќање на лицата кои не ги исполнуваат условите за престој во Шпанија. Според информациите, масовното пристигнување е поврзано со неодамнешната одлука на Врховниот суд во врска со мигрантите кои се обидуваат по морски пат да стигнат до Сеута и Мелиља. Наводно, дел одлуката била погрешно протолкувана и таквите информации брзо се прошириле преку мрежите за шверцување мигранти.

Што претставува Сеута?

Сеута често се нарекува шпанска енклава во Северна Африка. Во географска смисла, сепак, попрецизно е да се опише како шпанска енклава и полуенклава. Терминот „енклава“ се однесува на територија која е одвоена од матичната држава и опкружена со територија на друга држава или природна граница. Сеута е под суверенитет на Шпанија, но се наоѓа на африканскиот брег, одвоена од европскиот дел на Шпанија со Гибралтарскиот Проток. Бидејќи од едната страна се граничи со Мароко, а од другата излегува на Средоземното Море, Сеута не е целосна енклава. Поради пристапот до море, почесто се користи описот полуенклава.

Зошто нема директен мост меѓу Европа и Африка?

Гибралтарскиот Проток на најтесната точка ги раздвојува Европа и Африка за само околу 14 километри. И покрај релативно малото растојание, изградбата на мост се смета за исклучително сложен инженерски предизвик. Една од најголемите пречки е длабочината. Во различни делови на теснецот морското дно се наоѓа на значителна длабочина, што сериозно ја отежнува изградбата на стабилни темели за огромна мостовска конструкција.

За споредба, Евротунелот под Ла Манш има максимална длабочина од околу 180 метри, а просечната длабочина на трасата е значително помала. Дополнителен проблем се морските струи. Во Гибралтарскиот Проток се среќаваат водните маси на Атлантскиот Океан и Средоземното Море, создавајќи сложени и силни струења кои претставуваат сериозен предизвик за изградба и одржување на голема инфраструктурна конструкција.

Трет фактор е сеизмичката активност. Регионот се наоѓа во зона каде што се среќаваат Африканската и Евроазиската тектонска плоча, поради што земјотресите се дополнителен ризик при планирањето на ваков мегапроект.

Наместо мост – тунел долг 42 километри?

Поради сите овие пречки, со години се разгледува друга можност за подводен железнички тунел меѓу Шпанија и Мароко, по примерот на Евротунелот меѓу Франција и Велика Британија. Планираната траса би била долга околу 42 километри. Иако најкраткото растојание меѓу двата брега е многу помало, предложената траса е подолга бидејќи би минувала низ делови од теснецот каде што морето е поплитко.

Проектот предвидува три паралелни цевки. Две би биле наменети за железнички сообраќај, за патнички и товарни возов,и додека третата би служела за одржување, евакуација и безбедносни системи. Доколку некогаш биде реализиран, ваквиот проект би создал директна железничка врска меѓу Европа и Африка и би можел значително да влијае врз трговските и транспортните коридори меѓу двата континента.

Но, додека идејата за директна врска меѓу Европа и Африка со децении останува на маса, Сеута и понатаму е една од најчувствителните точки на границата меѓу двата континента.

 

енклава Мароко суета шпанска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.