Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каде е криптокралицата? ФБИ ја стави бугарката Руја Игнатова во топ десет најбарани криминалци

0
By Соња Крамарска on July 1, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Бугарката Руја Игнатова е единствената жена на листата на ФБИ на 10 најбарани криминалци во светот
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Руја Игнатова, позната и како „исчезнатата криптокралица“, е ставена на листата на 10 најбарани на ФБИ. Бугарката, за која се верува дека има 40-ти години, се бара поради нејзината наводна улога во водење на измама со криптовалути позната како OneCoin. Федералните истражители ја обвинуваат дека ја направила измами над жртви, во вредност од повеќе од 4 милијарди долари.

Таа се води како исчезната од 2017 година кога американските власти потпишаа налог за апсење и истражителите почнаа да се приближуваат кон неа.

Во 2014 година, OneCoin, самонаречена криптовалута, почна да им нуди на купувачите провизија доколку ја продадат валутата на повеќе луѓе. Но, агентите на ФБИ велат дека OneCoin бил безвреден и никогаш не бил заштитен со блокчејн технологијата што ја користат другите криптовалути. Според тврдењата на федералните обвинители, во суштина тоа била шема Понзи преправена како криптовалута.

„Таа совршено ја темпираше својата шема“, рече Демијан Вилијамс, највисок федерален обвинител на Менхетен.

ФБИ ги става бегалците на својата листа на најбарани кога верува дека пошироката јавност можеби ќе може да помогне во нивното пронаоѓање.

Известувањето на ФБИ објавено во четвртокот понуди награда од 100.000 американски долари за секоја информација што ќе доведе до апсење на Игнатова, која беше обвинета во 2019 година за осум точки, вклучително и измама со хартии од вредност.

Таа е единствената жена на листата на 10 најбарани на ФБИ.

Една од причините зошто било толку тешко да се пронајде Руја Игнатова е тоа што таа исчезнала со најмалку 500 милиони долари. „Исто така, веруваме дека таа има висококвалитетни лажни документи за лична идентификација и дека го променила својот изглед“, велат од ФБИ.

Игнатова последен пат била видена како се качува на лет од Бугарија за Грција во 2017 година и оттогаш и се губи секаква трага.

Руја Игнатова ФБИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.