„Немаме толку време, ќе завршиме со тебе деновиве“..
Ова се зборовите преку кои чеченскиот лидер Рамзан Кадиров доцна синоќа со порака му се закани на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Читам дека Зеленски изразил подготвеност да се бори десет години, ќе завршиме со тебе деновиве, рече Кадиров во аудио снимката објавена на Телеграм, пренесува Риа Новости.
Кадиров му препорача на Зеленски да замине во САД и таму „да се ракува со својот постар брат Бајден“.