Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

0
By Zoran Ivanov on October 8, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 8, 2025 08:45

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, што се одржуваат во египетското летувалиште Шарм ел Шејк, заврши без видлив напредок, изјави неименуван египетски претставник.

Ситуацијата е непроменета во споредба со првиот ден, а израелската и делегацијата на Хамас цврсто се држат до своите ставови, наведе египетски неименуван претставник.

Преговорите за завршување на војната во Појасот Газа се одржуваат во присуство на претставници од Катар, а со посредство на Египет.

Иако Израел и Хамас го поддржаа планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на борбите, ослободување заложници и испраќање помош во Појасот Газа, сè уште има спорни прашања за двете страни.

Неименуваниот египетски претставник тврди дека делегацијата на Хамас бара цврсти гаранции дека Израел нема да ги продолжи своите воени операции по ослободувањето на заложниците, инсистирајќи на целосен прекин на војната пред каква било размена.

Хамас, исто така, побара на разјаснување на механизмите и процедурите потребни за спроведување на мировниот план на Трамп, вклучително и гаранции дека Израел нема повторно да ја нападне палестинската енклава.

Египетскиот извор додаде дека израелската делегација досега одбивала да разговара за запирање на војната пред размената.

Тој наведе дека утре на разговорите ќе присуствува и американска делегација, предводена од специјалниот пратеник на американскиот претседател за Блиски Исток и Украина, Стив Виткоф.

Посредниците се надеваат дека учеството на САД ќе помогне да се изврши притисок врз Израел за да покаже флексибилност во однос на спорните точки – особено барањето гаранции дека војната нема да продолжи откако ќе бидат ослободени заложниците.

На разговорите во Шарм ел Шејк утре ќе присуствува и премиерот на Катар, Шеик Мохамед бин Абдулрахман ал Тани, како и турска делегација предводена од сиректорот на Турската разузнавачка служба (МИТ), Ибрахим Калин.

Претходно, Трамп на брифинг со новинарите изјави дека е оптимист за постигнувањето мировен договор во Појасот Газа.

Мислам дела е можно да имаме мир на Блиски Исток, не само во Газа, посочи Трамп.

Израел Каиро преговори Хамас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.