Египетските експерти кои работата на истрага на несреќата на рускиот авион Метроџет на Синајскиот полуостров објавија дека во последната секунда од снимениот материјал од црната кутија се слуша некаков звук.
Сепак, шефот на истрагата за воздухопловната несреќа, Ајман ел Мокадем вели дека тоа не е доволно за да може да каже со сигурност дека за време на летот се случила експлозија.
Тој ја повика Велика Британија да им ги достави разузнавачките податоци за она што ја предизвикало несреќата, бидејќи како што реке, комисијата се уште не добила никаква таква информацијa.
Во меѓувреме, египетските власти соопштија дека е покрената истрага за сите вработени на аеродромот Шарм ел Шеик кои имале некаква врска со урнатиот руски авион.
Претставници на аеродромот потврдиле дека властите ги испрашуваат вработените на аеродромот и дека започнале надзор на дел од нив кои работеле на летот на руската авиокомпанија „Метроџет“.
Руски авиокомпании испраќаат празни авиони во Египет за да можат да ги вратат дома Русите кои се таму, а нивниот број се проценува на 80.000. најголемиот број од нив се наоѓаат во летувалиштата на Црвено море. На патниците им е дозволено да понесат само рачен багаж.




