Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како до диплома во БиХ: Новинарка „завршила“ медицинско училиште за две недели

0
By Нова ТВ on January 4, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новинарка од босанскиот медиум „Журнал“ успеала да се стекне со диплома од средното медицинско училиште во Сански Мост за само две недели, а притоа не присуствувала на ниту еден час.

Откако на 20 декември минатата година ги предала документите, новинарката Азра Омеровиќ „завршила“ училиште и добила диплома со свидетелство за сите четири години со многу добар успех на 3 јануари.

На дипломата на Медицинско училиште од Сански Мост пишува дека ученичката Азра Омеровиќ запишала „преквалификација” на 22 ноември 2016 година, а дека успешно го завршила образованието на 15 ноември 2018 година.

Според свидетелството, успешно положила анатомија и физиологија, хигиена со здравствена заштита, микробиологија, медицинска психологија, заразни болести, патологија, хирургија, фармакологија и дека обработила и практична настава.

Приказната започнува во ноември минатата година, кога редакцијата „Журнал” добила документација од полициски и правосудни агенции во која се наведува дека на подрачјето на Федерацијата Босна и Херцеговина се продаваат дипломи од средни училишта и сето тоа има врска со Центарот за образование од Широки Брег, поддржани од страна на бизнисмени блиски до Хрватската демократска заедница (ХДЗ) во БиХ.

Документите покажуваат дека парите од Широки Брег биле користени за основање на средношколски и високообразовни институции во БиХ и дека во овие установи издаваат сомнителни дипломи. Се наведуваат имиња на посредници кои работеле во одредени градови и кои за пари набавувале дипломи.

За сараевскиот регион, бил одговорен извесен Сенад Пеливановиќ од Фојница. Омеровиќ со него имала кус телефонски разговор, а првпат се сретнале во Сараево.

Како што ` било кажано во училиштето, за преквалификација е неопходно најмалку една година, меѓутоа, Пеливановиќ можел да го обезбеди тоа многу побрзо за сума од 2.500 конвертибилни марки (околу 1.200 евра) наменети за „директорите и другите”.

На средбата со Пеливановиќ, новинарката одбила да му даде пари однапред, а тој ` рекол дека ќе мора да „бара алтернативни решенија” и дека овојпат нема да оди преку Широки Брег.

На истата средба, новинарката добила „специјален телефонски број” наменет за договори околу  дипломите. Редакцијата на „Журнал” дошла до листа на повици што докажува дека Пеливановиќ од тој број единствено го контактирал Центарот за образование од Широки Брег.

Пеливановиќ тогаш на новинарката и рекол дека до 15 јануари ќе добие диплома за средно медицинско училиште на нејзино име.

Омеровиќ на 2 јануари, во 14:46, добила порака од Пеливановиќ дека сé е готово, а предавањето на дипломата било закажано за 3 јануари.

Тој на 3 јануари се појавил на закажаното место со свидетелства и дипломи за завршено Медицинско техничко училиште од Сански Мост – заверени, со воден печат и јасни потписи, како и со оценки што новинарката никогаш не ги добила.

По примо-предавањето, новинарската екипа му се претставила на Пеливановиќ, а сè било снимено.

Господине Пеливановиќ, за жал, не сте уапсени. Ние ова го направивме само за да покажеме дека го правите ова. Само сакавме да покажеме дека ова се прави и дека обвинителството молчи, му порача на Пеливановиќ еден од колегите на новинарката Азра Омеровиќ. 

БиХ дипломи Сански мост средно училиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.