Современата медицнска техологија им овозможи на научниците да го реконструираат изгледот на старите Египќани, испитувајќи три мумии.

Податоците добиени со помош на современата томографија (CT скен) и радиокарбонската анализа, последниве две години им овозможи на антрополозите и форензичарите на МекГил Универзитетот во Монтреал, Канада, да реконустуираат како всушност изгледале лицата на тројца луѓе кои живееле пред, речиси, 2 илијади години.

Барбара Лоусон куратор на канадскиот музеј на светски култури, вели дека боите на мумиите што се испитуваат се оригинални и дека нивното зачувување било можно заради климата во Египет.