Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како ли се исштанцаа илјадници амандмани за блок на една изборна единица

0
By Нова ТВ on December 12, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Идејата на помалите партии за промена на Изборниот законик и воведување една единица за избор на пратеници, како и отворени листи за избор на советници на локални избори е осудена на пропаст и покрај тоа што високи партиски функционери на владејачката СДСМ денеска потврдија дека даваат поддршка за предлогот и дека не гледаат пречка тој да помине во парламентот.

Бившите партнери во Владата, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се одлучија за диверзија на предлогот, па од рано наутро го затрупаа Собранието со над десетина илјади амандмани поднесени на двата предлога за измена на Изборниот законик. Научна фантастика, според оценките на одредени пратеници, е потегот да се поднесат илјадници амандмани за еден член од законот. Тие се зачудени како тоа им успеало на нивните колеги, па, како што коментираа на шега, едвај чекале да се соочат очи в очи со „амандманско чудовиште“ кое веројатно, според нив, е конструирано од ситни модификации на одредени зборчиња кои треба да родат нов и нов амандман – и се така во недоглед.

„Поднесени се околу 14.000 амандмани. За да се разгледа тој обемен материјал, а потоа и да се дискутира за него потребни се месеци, а ние се наоѓаме во временски теснец со оглед на тоа што изборите треба да се одржат на 12 април. Според роковите, на средината на февруари треба да се распушти парламентот. Промената на изборниот модел и воведувањето на една изборна на тој начин станува невозможна мисија“, велат за Нова ТВ извори од собраниската Комисијата за политички систем каде треба да се одвива амандманската расправа.

Фото: sitel.com.mk

Според информациите, од ДУИ поднеле над 5.000 амандмани за измените на законот со кој се предлага промена на изборниот модел, односно воведување една изборна единица за парламентарни избори, наместо досегашните шест. Огромен број амандмани поднела и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот Артан Груби од ДУИ вели дека едноставни измени на изборното законодавство пред избори се опасен преседан.

Според него, преседанот ќе донесе последици кои не можат да се проценат и додава дека се за измени, но не пред избори, туку, како што вели, со квалитетни меѓупартиски преговори за да се постигне едно консензуално решение.

СДСМ, според партиски извори, синоќа на состанок го дефинирале ставот дека нивна определба останува изборите да се одвиваат во една изборна единица. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ веќе одамна се изјаснија дека не прифаќаат да се промени изборниот модел на само неколку месеци пред начелно договорените предвремени избори на 12 април, па оттаму чуди оптимизмот што го пројавија социјалдемократите дека идејата која е и нивно предизборно ветување може да се протурка низ процедурите во парламентот. Но, за разлика од тогаш сега понудата ја сведоа на „или-или“ – или една изборна единица, или отворени листи.

Покрај тоа, и ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ имаат значителни разлики во однос на соодветниот изборен модел што треба да се примени. ВМРО-ДПМНЕ е за мнозински модел со 120 изборни единици (еден пратеник од секоја изборна единица) кој беше напуштен во 2002 година. Од ДУИ, пак, се залагаат за отворени листи, но да останат шесте изборни единици како што е сега.

Од СДСМ оценуваат дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивно однесување во парламентот и ги кочи реформските закони.

„Опозициската партија поднесе 970 амандмани на Законот за судии и обвинители, над 400 амандмани на Законот за јавнообвинителска дејност и илјадници на измените на Изборниот законик“, вели портпарол и пратеник на СДСМ Костадин Костадинов, кој повика амандманите да бидат повлечени, а истата порака ја испрати и до коалициската ДУИ за амандманите на Изборниот законик.

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, сепак, верува дека ќе проработи свеста кај колегите од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и дека ќе се откажат од блокадата на измените кои се во насока на демократизација на општеството. Двете измени на Изборниот закон се намерно одвоени. Планот, како што појаснува, е сега да се воведе една изборна изборна единица, а на локалните избори да се воведат и отворени листи, со оглед на проценките дека може да настане забуна кај гласачите со две сериозни промени оддеднаш.

За промената на членот со кој би се вовела една изборна единица доволно е просто мнозинство, односно мнозинство од 61 присутен пратеник (не е потребен ниту Бадентер, бидејќи тој не ги допира културните посебности на заедниците) што значи дека доколку не постои блокадата на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за политички систем промената би поминала мазно.

Според информации од Собранието, во моментот 66 пратеници би гласале за една изборна единица, но се е тоа залудно кога процедурата ќе заглави во Комисијата. Со години македонското општество дебатира за потребата од промена на изборниот модел, со Македонија како една изборна единица и со отворени листи. Една изборна единица и отворени листи предлагаат дванаесет пратеници од десет партии и еден независен пратеник во македонското собрание. Иницијативата за измени во изборниот модел ја поддржуваат уште десетина партии кои бараат сите политички субјекти да добијат еднаква шанса. Актуелниот изборен модел велат ги ограничува помалите партии и поединците да обезбедат пратенички мандат доколку немаат концентрација на гласови во една изборна единица.

амандмани ВМРО ДУИ една изборна единица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.