Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како Македонија се најде во друштво на Судан и Сомалија?

0
By Zoran Ivanov on January 15, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 15, 2026 18:02

Ставањето на Македонија на списокот од 75 земји за имигрантските визи не е толку драматична по ефектите, колку што е драматична како порака за државата.

Слободанка Јовановска

Одлуката на претседателот на САД да ја стави Македонија на листата на 75 земји за кои нема да се разгледуваат воопшто барања за имигрантска виза не е толку драматична по ефектите, колку што е драматична како порака за државата.

Откако дојде на власт ВМРО-ДПМНЕ ова е најголемиот дебакл што го доживеа во надворешната политика, која како никој и да не ја води, како да е укината, а министерот одговорен за тоа се занимава со надворешна трговија.

Иако од ВМРО-ДПМНЕ и од Владата се обидуваат да ја релативизираат одлуката на САД, во смисла дека се однесува на мал број на луѓе и тоа постари, дека не станува збор за прекин во издавањето на имигрантски визи туку за „пауза“, дека треба да почекаме шест месеци кога ќе нѐ изненадат со нова политика и дека таа не важи за туристичките, студентски и бизис визи – не може да се неутрализира фактот дека овој студен туш дојде од стратешки божем партнер на Македонија кој се обврзал да нѐ помага, на кој му го дадовме најскапиот проект во земјата да го изведува (на „Бехтел и Енка“), за чии интереси гласавме спротивно од ЕУ и спротивно на тоа што е принципиелно и, што е најважно – дека сме земја членка на НАТО, европска земја и земја кандидат за членство во ЕУ, а добивме третман како на земја од третиот свет.

Проблемот е што третманот си го заслуживме – со изживувањето со стратешките интереси на државата изминатите години, со поттикнување на антизападните хистерии, со упорно несправување со корупцијата која ги уништува институциите и со упорното осиромашување на населението кое бега во толкав обем, што се најдовме на иста листа со земји погодени од војна, со политички нестабилни држави, со далечни небитни острови од Пацификот и слично, а сме земја од срцето на Европа и од најбогатиот континент.

Практично, може да се најде оправдување за трчањето во „периметарот “ на Трамп по изборот  бидејќи сите тоа го правеа, може да се најде оправдување и за вазалството кога не сме некој фактор во политиката, а може да се најде изговор и во неконзистентноста и хаотичната надворешна политика на Трамп кон светот, па и кон сојузниците. Но, не може да се најде оправдување за обидите Владата самата да се стави во вазалски однос кон новата администрација на САД за да можат нејзини преставници да добијат заштита за неспроведување на реформите што од Македонија треба да направат солидна држава.

Она што ни се случува со оваа одлука на САД за визите е токму печат на неодговорноста и на  импровизациите во водењето на нашата држава, за кои сега почнавме да ја плаќаме цената. Ова е јасен сигнал каква е перцепцијата за Македонија во моментов  дури и кај сојузниците,  и колку се реални повиците дека треба конечно да се решиме – дали сакаме да бидеме Запад, или да бидеме трет свет. Да бевме во Африка или во Азија ваквата одлука можеби ќе беше логична последица, но да сме во Евроопа, а да не третираат како „трет свет“, е политички пораз.

Тоа е  и најава за почеток на изолацијата на државата, со која која почнуваме да се соочуваме не само од САД, туку и од страна на Европската унија со воведувањето на новиот начин за влегување, од кој не сме изземени како земја кандидат за ЕУ. Никој веќе никого не моли за партнерство (освен Украина и Русија), а на сите им е преку глава од решавањето проблеми на дисфункционалните држави и згрижување на нивните граѓани што сакаат подобра иднина. Бидејќи Владата очигледно не нѐ води кон ЕУ ни кон стандардите на Брисел, нема да биде неверојатно во наредните години да се соочиме со протерувања на македонските граѓани, нешто што САД веќе го направија минатата година, а тука беше дочекано со молк.

Партијата Македонски концепт денес побараа владата да упати формален приговор до САД затоа што на вакон начин се третира земја членка на НАТО и стратегиски партнер. Но, тоа нема да го смени тврдењето на тамошните институции дека граѓаните од Македонија што имигрирале во САД наголемо живеат на трошок на Американците, т.е. со тамошните социјални бенефиции. Со оглед на тоа колку е испразнета Македонија и каков формат е како држава, тешко дека овие тврдења се засновани на факти, но останува податокот дека стапката на одбиени визи за граѓани од нашата земја е далеку повисока од толерираните 3 отсто и надминува 30 отсто, што зборува за проценет висок ризик од имиграција. Додека не си ја средиме сами државата оваа состојба тешко ќе се смени, а одлуката на САД мошне веројатно ќе повлече слични одлуки на Обединетото Кралство и на ЕУ.

Тоа што веста за одлуката на САД ја објавија сите бугарски медиуми и ја ставија во насловот нашата држава, е другата страна на проблемот. Денес беше објавено дека бугарскиот пасош е на 11 место по бараноста во светот, по американскиот, а што значи тоа за нас ако продолжат ваквите ограничувања, не треба да се објаснува. Граѓаните денес порачаа дека тие што имаат бугарски пасош, од кои многумина во власта, нема што да се потресуваат, а другите гневот го истурија на шефот на дипломатијата кој повика да се стрпиме шест месеци – додека САД не нѐ изненадат.

„Се јави спасителот“, „Не умри магаре на зелена трева“, „Да, чекаме исто како за ЕУ“, „Чекаме и сме многу изненадени“, „А, до која година се тие шест месеци“ и „Тралалајка надворешна политика“ – беа дел од коментарите. Најмногу пак реагираа на повикувањата на стратешпко партнерство со САД и на „периметарот“, порачувајќи дека џабе им беше истрчувањето со поддршка за венецуеланскиот претседател Николас Мадуро и дека вака не смее да се третира „третата насилна економија во Европа“. Според некои, вака како што тргнало, ако и ЕУ ја затвори вратата за мигранти од Македонија, ќе остане само една опција, ние да имигрираме во Непал или Бангладеш место тие кај нас, или да ги дадеме сите тендери на македонски фирми, бидејќи нашите граѓани ќе нема каде да работат. Иако држи фактот дека во моментов внатрешната ситуација со мигрантите во САД е таква што не е ни препорачливо наши граѓани таму да се иселуваат, ваквата одлука на американската администрација ќе предизвика последици бидејќи ја става Македонија во изолација и политички, економски и безбедносно ја ослабува.

Инаку, повод за оваа одлука на Трамп се податоците во САД дека имигрантите генерално користат повеќе социјални бенефиции од Американците и дека тоа е особено изразено во првите пет години од доаѓањето во земјата, кога имаат право на здравствено осигурување, на додатоци за деца, на додатоци за попреченост, на финансиска помош и слично. Конгресот на САД лани воведе нови ограничувања за финансирање на пристапот до Програмата за дополнителна помош за исхрана (SNAP), Медикејд, Програмата за здравствено осигурување на децата (CHIP), Медикер и премиум даночни кредити за здравствено осигурување). Овие програми и субвенции сега се достапни само за законски постојани жители  и кубански-хаитски доселеници.

Текстот е сопственост на Независен.мк

 

 

 

колумна Слободанка Јовановска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

ВЕСТИ May 20, 2026

Рускиот претседател Владимир Путин ја почна денеска дводневната посета на Кина, каде што со кинескиот…

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

May 19, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.