Единствено сведоштво за тоа како точно изгледал славниот сликар Винсент Ван Гог се неговите автопортрети. Како би изгледал на фотографија?

Одговорот на ова прашање го има литванскиот архитект и фотограф Тадао Керн. Тој дигитално го реконструирал, еден од најпознатите автопортрети на Ван Гог и го претворил во современа фотографија.

Критичарите за ова дело велат дека Керн го зел скапоцениот и редок начин на сликање на Ван Гог и го претворил во банална фотографија. Други пак велат дека употребувајќи ја современата дигитална технологија, тој успеал да креира нова уметничка форма која може да постои само во дигиталниот свет.