НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како светот се справува со кластерите на коронавирусот

0
By Нова ТВ on June 24, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градот Гитерслох во западна Германија со население од 13.000 жители не е често во центарот на интересот на меѓународната јавност. Но, масовното ширење на коронавирусот во кланицата на Тенис последниве денови, за жал, го направи популарен. Од околу 7.000 вработени кои беа тестирани минатата недела, повеќе од 1.500 се позитивни. Сите вработени се ставени во карантин, училиштата и градинките се затворени, а премиерот на покраината Северна Рајна Вестфалија, Армин Лашет одлучи да го стави целиот регион во карантин, пишува „Дојче Веле“.

И други региони во Германија се соочуваат со локални кластери: во берлинската населба Нојколн во карантин се 370 домаќинства, откако 100 жители беа позитивни на вирусот, а властите во Гетинген ставија во карантин комплекс згради поради 120 заразени лица. Неколку поголеми кластери се јавија и по црковни служби низ целата земја.

Германија не е единствената држава која се соочува со вакви локални кластери на инфекција. Додека поголемиот дел од државите во Европа ги олабавуваат рестрикциите, нови вирални жаришта се појавија низ целиот континент, во најголем дел во семејства, фирми или ресторани. Во Велс најмалку 175 работници во фабрика за живина се позитивни на Ковид-19 и властите веќе најавија локален карантин.

„Како што се намалуваат ограничувањата во општеството, вакви кластери на заразата ќе се случуваат и ние ги очекуваме. Не треба да бидеме изненадени, но треба да сме загрижени и да преземаме брза акција“, вели Гири Шанкар од велшкото јавно здравство.

Во еден старечки дом во австрискиот град Лизинг шест жители починаа во првите две недели од јуни од коронавирусот. Во мај, над 70 вработени во поштенска служба во Виена беа позитивни на Ковид-19. Минатата недела, по состанок на Ротари клуб во Салцбург, 14 учесници беа позитивни. Во меѓувреме се тестираат и изолираат стотици луѓе кои биле во контакт со нив.

Ограничување на кластерите

Кога бројот на инфекциите ќе почне повторно да расте, најважно е да се утврди типот на кластерот, вели Петер Климек, научен истражувач од Виена и дел од тимот кој ја советува австриската влада за пандемијата.

„Доколку кластерите се мали тоа не е толку загрижувачко, затоа што можеме да ги следиме контактите. Доколку кластерот се случи на голем настан, обработката и следењето на кластерот станува далеку потешко“, вели Климек.

Климек вели дека е голема разликата дали случаите доаѓаат од еден кластер каде што синџирот на заразата може да се следи или пак 50 луѓе низ целата земја одеднаш доаѓаат кај своите лекари со симптоми. Доколку во кус временски период се појават повеќе кластери кои е тешко да се следат, вели тој, тоа е доволно целата земја да се стави во карантин. Најважни мерки кога станува збор за локални жаришта на коронавирусот се: следење, трагање, тестирање и третман.

Кога некое лице ќе биде регистрирано како позитивно, неговите контакти мора брзо да бидат пронајдени. Оние кои се заразени мора да бидат изолирани и третирани, а останатите во нивна близина да бидат тестирани. Доколку процесот функционира, локалните жаришта можат добро да се контролираат, вели Климек.

На повидок нови рестрикции?

Анализата на стапката на заразата во Европа покажува дека, сепак, четирите мерки не се секогаш доволни. Владата во Бугарија деновиве повторно ја врати мерката за задолжително носење маска во затворени простории, кусо време откако ја укина, поради растот на бројот на новозаразени.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, исто така, ги предупреди своите сонародници поради ширењето на заразата.

„Доколку веднаш не го смениме нашето однесување со носење маски и почитување на дистанца, ќе бидеме принудени да ги вратиме рестрикциите. Никој од нас не го сака тоа“, изјави тој во неделата.

Во Луксембург, пак, владата одлучи да го тестира целото население во обид да спречи втор бран на коронавирусот. Сите 628.000 жители на државата и околу 300.000 луѓе кои работат во земјата се поделени во групи кои ќе бидат редовно тестирани, со цел да се откријат нови синџири на инфекцијата и брзо да се реагира.

„Не постои магично стапче“

Мерките кои се преземаат за спречување на ново жариште или ширење на кластер, се разликуваат од земја до земја. Нема ист лек за сите, туку микс на мерки, вели Климек.

Она што е важно, без разлика за кој регион се работи, се континуираните мерки за физичка дистанца, како и стриктни хигиенски регулативи и ограничен круг на контакти. Мерките на затворање на училиштата и градинките се покажале ефективни, исто како и носењето маски, вели Климек. И колку побрзо такви мерки се воведуваат при идни појави на жаришта, толку ќе бидат поефективни, вели тој.

Кластери Коронавирус Свет Справување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.