Наркобосот Хоакинг „Ел Чапо“ Гузман наводно самиот придонел да биде фатен поради своите обиди да влијае да биде направен филм за него, како човек кој од никој и ништо стигнал до врвот во хиерархијата на светски најголемите криминални мрежи.
Имено, додека бил во бегство и баран со потерници, тој се обидел да стапи во контакт со продуценти и актери во надеж дека ќе се изработи филм за него. Еден од тие обиди претставувало и интервјуто кое со него во октомври минатата година го направил холивудскиотт актер Шон Пен, а кое потоа било објавено во магазинот Ролинг Стоун.
Интервјуто, наводно, е одржано на непозната локација некаде во мексиканската џунгла и, според извори во потрагата, истото им помогнало на властите да сфатат каде е.
Ел Чапо е осуден во Мексико на неколку доживотни казни и досега успеа да два пати да побегне од нивните затвори. Во меѓувреме, американските власт лобираат Ел Чапо да биде доведен на судење и издржување на казната во САД, нешто што мексиканските власти одбиваат. Но, не само властите, и адвокатите на Ел Чапо ќе се борат од петни жели тој да не биде преместуван на север бидејќи во мексиканското подземје тоа било еднакво на „убивање на легендата“.




