Калчина Коси: Инаку НЕ, НЕ Е ТОЧНО дека функционерите си ги намалиле платите!
ТОЧНО Е само дека не си ги зголемија платите за околу 12-13.000 денари, или за околу ПОЛА твоја месечна плата!
ТОЧНО Е и тоа дека они сеуште зимаат по 2-3000 евра плата минимум, а ти со покачувањето од смешни 25 евра, сеуште ќе зимаш само смешни 425 евра со кои треба да раниш цела фамилија, цел месец!
А ТОЧНО Е и тоа дека владата и удрила есап на потрошувачката кошница на синдикатите и замислете нашла дека многу пари ставил синдикатот во неа, си можел да преживееш со 13% помалку!
Пробај!
Не аздисувај многу многу! Прибери се со тоа трошењето! Мислам стварно, што ќе ти е луксуз како одмор у Дојран? Бањајте се со децата у Вардар за без пари!
И на крајот ТОЧНО Е дека си играат мајтап со тебе и ти прават што сакаат – затоа што ти тоа им го дозволуваш!
Извор: Фејсбук



