Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каков парламент (не) сакаат граѓаните?

0
By Нова ТВ on June 16, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ постигнаа согласност за избори на 15 јули, Владата вчера предложи, а претседателот Пендаровски синоќа го прифати владиниот предлог и прогласи вонредна состојба во период од 8 дена, (од 15 до 22 јуни). Целта е да се овозможи непречена подготовка на изборите за пратеници и на мерките за заштита на јавното здравје во услови на пандемија.

До денеска, Северна Македонија мина точно четири месеци без парламент. Пратениците од деветтиот парламентарен состав на 16 февруари донесоа одлука за самораспуштање на Собранието поради изборите закажани на 12 април. Во март изборите беа одложени заради корона-кризата, а во изминатиот месец не беше постигнат консензус за новиот изборен датум, се потсетува во текстот на „Дојче Веле“. Отако вчера тој договор беше постигнат, извесно е дека Северна Македонија летово ќе го добие десетиот парламентарен состав.

Контролирано од Владата

Со секој нов парламентарен состав се зголемуваат и очекувањата на граѓаните од законодавен дом чии главни одлики ќе бидат посветеност на интересите на граѓаните, отвореност, транспарентност и ефикасна контрола на извршната власт. Со какви оценки си заминува деветиот парламентарен состав? – Одговор дава теренската анкета за перцепциите на граѓаните и јавноста за работата на Собранието што Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ ја спроведе во периодот од 17 февруари до 6 март, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка, помогната од Швајцарската агенција за развој и соработка. Анкета е спроведена лице в лице со 1.000 полнолетни испитаници.

Според резултатите, 73 отсто од испитаниците сметаат дека избраните претставници во Собранието секогаш тргнуваат од своите лични или од интересите на својата политичка партија, додека 49 отсто сметаат дека пратениците само понекогаш ги имаат предвид интересите на граѓаните.

Граѓаните како најкарактеристично од работата на овој собраниски состав го издвоиле потпишувањето на Договорот со Грција (20 отсто) и донесувањето на Законот за употреба на јазиците (16 отсто). Уставните промени кои произлегоа од Договорот со Грција се на трето место (11 отсто), а за Договорот со Бугарија се изјасниле 8 отсто од испитаниците.

Според резултатите од анкетата, над две третини од граѓаните се убедени дека во извршувањето на своите функции, Собранието е до извесен степен контролирано од Владата, и покрај тоа што уставната надлежност на законодавниот дом го предвидува токму спротивното, законодавниот дом да ја избере и да врши политичка контрола и надзор над Владата.

Оценката се топи

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ посочува дека перцепцијата за учество на јавноста во работата на законодавниот дом, како еден од механизмите за поголема отчетност, транспарентност и одговорност на самата институција кон граѓаните е исклучително ниска.

„Само 5 отсто од граѓаните одговориле дека некогаш се обиделе да учествуваат во работата на Собранието. Ова се должи пред се и на фактот што доминантен дел од граѓаните, над 80 отсто воопшто не се информирани како можат да се вклучат во работата на Собранието, додека половина од граѓаните имаат впечаток и дека Собранието до извесна мера е непристапно за учество на јавноста во неговата работа. Ваквата перцепција на граѓаните во однос на работата на Собранието е релативно константна во последните три години“, посочуваат од Институтот.

Работата на Собранието во текот на последната година граѓаните ја оцениле со средна оценка од 2,6 на скала од 1 до 5. Овој резултат покажува благ пад на средната оценка со која граѓаните ја оценуваат работата на Собранието, имајќи предвид дека минатата година граѓаните ја оцениле работата со 2,9, а во 2018 година со 2,7.

На прашањето дали сметаат дека општо животот во Северна Македонија се движи во правилна или во погрешна насока, 51 отсто од испитаниците одговориле дека се движи во погрешна насока, а 38 отсто сметаат дека се движи во правилна насока. Гледано според региони, најголеми песимисти во однос на ова прашање се граѓаните од источниот регион во државата (71 отсто), од североисточниот (65 отсто) и од пелагонискиот регион (61%).

Во однос на довербата на граѓаните во институциите, Претседателот на државата ужива највисока доверба меѓу граѓаните, споредено со Владата, Собранието и Судството. На скала од 1 до 10, граѓаните довербата до Претседателот на државата ја оцениле со 4,6, по неа следат Владата (4,1) и Собранието (4), а со најниска доверба го оцениле судството со 3,1.

„Социетас Цивилис“ анкета доверба Институтот за демократија оценка парламент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.