Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Калас: Подобро од кој било знаете дека патот до членството не е лесен и мојата порака е да останете на тој пат, да ги преземете потребните чекори

0
By Marija Todorovska on May 23, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 23, 2025 13:48

Европската Унија останува со Северна Македонија на патот кон целосното интегрирање, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Каја Калас на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје.

Високата претставничка истакна дека разговарале за повеќе теми, при што потенцира дека земјава е првиот корисник во регионот на она што го нуди Планот за раст на Западен Балкан, но и прва држава, која го потпишала Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ. Нагласи дека на средбата меѓу другото се разговарало за напредокот на македонската економија и истакна дека тој процес е од големо значење и за самата Унија.

Ова партнерство подразбира заедничка работа за Украина и во сферата на борбата против тероризмот секако, а тоа покажува дека функционира постепената интеграција. Но двете страни сакаат повеќе и тоа е мошне јасно. Северна Македонија припаѓа во ЕУ. Вие имате навистина долга историја на усогласувањето со надворешната и безбедносна политика на ЕУ, а тоа нам ни е особено многу важно во овие трубулентни времиња, кога гледаме дека има сериозни геополитички промени во светот, рече Калас.

Таа говореше за напорите кои се преземени од страна на Владата во однос на реформаката агенда.

Вие, подобро од кој било знаете дека патот до членството не е лесен и мојата порака денеска е да останете на тој пат, да ги преземете чекорите потребни за отворање на пристапните преговори. Тоа исто така ќе значи дека ЕУ на Северна Македонија ќе и дава уште поголема поддршка, без разлика дали станува збор за владеењето на правото, борбата против корупцијата или модернизирањето на јавната администрација, нагласи Калас.

Таа додаде дека од искуство знаат дека напредокот може да биде брз доколку има политичка волја, а како добар пример за тоа ги посочи Албанија и Црна Гора.

Секако Северна Македонија се соочува со носење избор за своите граѓани и за иднината. Веруваме дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е најдобриот рецепт за мир и безбедност во целиот регион. Затоа ајде да се придвижиме заедно и тука сакам да ве уверам дека ЕУ останува покрај вас, порача Калас.

ЕУ Каја Калас преговори членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.