Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Кaja Калас, остро ги осуди масовните руски воздушни напади врз Киев, во кои загинаа повеќе од десет лица, меѓу кои и деца. Таа денеска порача дека Москва мора да се соочи со нов бран санкции.
Овие напади покажуваат дека Путин се потсмева на сите мировни напори кои се прават, рече Калас по пристигнувањето на дводневниот состанок на министрите за одбрана и надворешни работи на ЕУ во Копенхаген.
Според неа, новите санкции против руските енергетски извози и финансиски услуги „ќе имаат најсилен ефект“.
Покрај тоа, Калас ги повика земјите-членки на Унијата да продолжат со снабдување на Киев со оружје. – На Украина во овој момент и е потребна целата можна воена поддршка, потенцира таа.
Министрите во Копенхаген ќе дискутираат и за безбедносни гаранции за Украина по завршувањето на војната. Како можни мерки се споменуваат продолжување на обуката за украинската армија и поддршка на тамошната одбранбена индустрија.
Но, ако гледаме што прави Путин, денот по војната сè уште не е близу, рече Калас.