Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Калас: Се надеваме и работиме на тоа планот „А“ за ЕУ интеграција да успее, ако тоа не се случи ќе поминеме кон следната фаза

0
By Marija Todorovska on May 23, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедност, Каја Калас, испрати порака дека европската интеграција на земјава останува приоритет, но и дека постои подготвеност за нови пристапи доколку актуелниот процес остане во ќорсокак.

На заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје, одговарајќи на прашањето дали ЕУ има „план Б“ за Северна Македонија, слично како за Украина, Калас истакна дека фокусот останува на основниот пат.

Како што и за другите случаи коишто ги споменавте. Ние се фокусираме на „план А“ и се обидуваме планот „А“ да профункционира. Затоа што кога се префрлате кон „план Б“, тогаш „план А“ излегува од игра. Можеби ви звучам како да зборувам шифрирано, но сакам да ви кажам дека сѐ уште се надеваме дека планот А ќе профункционира и ќе биде успешен. Работиме кон тоа, доколку не, тогаш ќе поминеме кон следната фаза, рече таа.

Во однос на можните механизми за деблокада на евроинтегративниот процес, Калас потврди дека Брисел е свесен за пречките и работи на нивно надминување.

Прво, јасно е дека сакаме Северна Македонија навистина да се придвижи по овој пат и знаеме дека има пречки на него, и тоа го дискутиравме денеска за да можеме да изнајдеме механизми за да се надминат тие пречки, рече таа.

Додека, за прашањето за неинтеграцијата на Западен Балкан, и колку е тоа голема закана, одговори дека е важно сите да се целосно интегрирани.

Ако ја погледнеме поголемата светска слика, секако јасно гледаме дека има разлика во големите сили, има тектонски промени. Западен Балкан секако е дел од Европа, и важно е за нас да бидеме сите целосна интегрирани. ЕУ е мировен проект, и тоа овозможува да се намалат тензиите во регионот на Западен Балкан. Затоа сметам дека тоа е и безбедносно прашање, посочи таа.

ЕУ Каја Калас прес конференција Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.