Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Калас: Со 19-от пакет санкции ги целиме секторите што ги поддржуваат воените напори на Русија

0
By Marija Todorovska on September 19, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 19, 2025 15:43

Нашите санкции нанесуваат штети и имаат видливо влијание врз јавните финансии и економскиот раст на Русија, па затоа Европската Унија мора колективно да ги зајакне овие мерки заедно со своите партнери, се додека не се постигне мир, порача денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по повод предлогот на Еврокомисијата за нов пакет санкции кон Русија.

Денеска на земјите членки им го предложивме 19-тиот пакет санкции кон Русија. Со него, ги целиме клучните сектори што ги поддржуваат воените напори на Русија. Целта е секој извор на приходи за Кремљ со кои ја продолжува својата агресија, рече Калас во видео изјава.

Таа потенцира дека со новите санкции се предлага целосна забрана на трансакции за руските банки и финансиски институции, вклучително и оние што работат во трети земји, а на листата на санкционирани се додаваат големи економски оператори вклучени во заобиколувањето на санкциите, остварувањето приходи и поддршката за руската воена индустрија, како и рускиот систем на кредитни картички и системот за брзо плаќање.

Исто така, предлагаме и забрана за инвестиции поврзани со војната во руските специјални економски зони и предлагаме дополнителни мерки за кинеските актери што ја поддржуваат воената индустрија на Русија, рече Калас.

Според неа, за да се ограничи примарниот извор на приходи на Русија од извозот на енергенси, со санкциите се предлага целосна забрана за увоз на руски течен природен гас (ЛНГ) до јануари 2027 година, се укинуваат преостанатите повластици за „Росњефт“ и „Газпромњефт“ и се санкционираат 118 дополнителни бродови од т.н. руска „флота во сенка“ и нејзини поддржувачи.

 Овие нови санкции, исто така, ќе го ограничат пристапот на Русија до технологии, вклучувајќи вештачка интелигенција и геопросторни податоци, како и до критични ресурси што го хранат производството на оружје. Ова ги вклучува призводи од странски добавувачи, меѓу кои и од Кина и Индија, рече Калас.

Високата претставника на ЕУ додаде дека покрај водењето војна во Украина, руските сили продолжуваат и да одземаат украински деца од нивните семејства и да ги депортираат во логори за превоспитување.

Денеска предлагаме санкции за лицата вклучени во киднапирањето и индоктринацијата на украинските деца. Исто така, за во иднина го олеснуваме усвојувањето санкции кон лица и организации вклучени во овие гнасни дела, потенцира Калас.

Таа нагласи дека Европа сака мир за Украина, но и покрај нејзините дипломатски напори, Русија само ја интензивира својата агресија, а сега ги нарушува и границите на Европската Унија.

Лишувањето на Москва од средствата за водење војна е од суштинско значење за да се стави крај на оваа војна и да се заштити безбедноста на нашиот континент. Руската агресија не може да продолжи неконтролирано. Нашата порака е јасна: Заедно со воената поддршка за Украина, ќе го интензивираме притисокот врз Русија со се построги санкции се додека Русија не прифати вистински, праведен и траен мир, додаде Калас во изјавата по повод предложениот 19-та пакет санкции кон Русија од страна на Европската комисија.

ЕУ Каја Калас Русија санкции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.