Доктор Калина Гривчева-Старделова попладнево доби доверба од членовите на Лекарската комора да управува со еснафското здружение уште четири години, објави „Фокус“.

Д-р Гривчева-Старделова добила 51 глас, додека за нејзината противкандидатка, д-р Емилија Велкова од Институтот за трансфузиона медицина, гласале 24 членови на Комората.

Според „Фокус“, за време на целата процедура, се знаело дека д-р Старделова ќе влезе во трката за втор претседателски мандат, но до последен момент не било познато името на нејзиниот противкандидат.