Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Камбовски: Договорот со Грција е најдоброто можно решение за спорот

0
By Нова ТВ on September 10, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Договорот од Преспа е оптимално и најдобро можно решение што Македонија можеше да го постигне во спорот за името“, смета академикот Владо Камбовски. Тој денеска заедно со академикот Владо Поповски и Нано Ружин одржа средба со новинарите посветена токму на договорот од Преспа, на која ги искажаа своите мислења и ставови.

Академик Камбовски на реферат од 20тина страници го изнесе својот став за Договорот со Грција, оценувајќи го како европски договор, кој не го загрозува идентитетот, јазикот и државјанството.

„Постигнатиот консензус околу новото име е компромис меѓу стравот и надежта на двете страни: задржано е името Македонија, со што не се загрозува идентитетот на македонскиот народ кој живее на нејзина територија, но додадена е географска одредница со која таа се разликува од северниот регион на Грција“, образложи Камбовски.

За него Договорот со Грција е добар пример и основа за склучување вакви договори и со другите соседни земји.

Камбовски исто така рече дека МАНУ ќе се залага да го задржи акронимот без да се преименува во Академија на науките на Северна Македонија и според него, има простор за либерално толкување на членот од Договорот кој се однесува на кодовите и придавките на државните институции.

„Кога ќе дојде време за имплеметација на Договорот, ние ќе се обидеме да дадеме доволно аргументи дека МАНУ, МНТ, Филхармонија, треба да ја задржат автономијата на употреба на терминот „македонски“. Точно, МАНУ има финансиска поддршка од државата, но се работи на реформи за деетатизација. Задржувањето на придавка нема да има штета за другата страна зашто тамошната Атинска академија не ја користи истата придавка“, рече Камбовски.

И според Поповски, подобар договор од овој не можело да има.

Камбовски истакна дека ова не е официјален став на МАНУ, туку некои научни погледи на академици од Центарот за стратегиски истражувања на Академијата.

Договор со Грција Камбовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.