Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Камбовски vs. Калајџиев за идејата на Мицкоски за законот за ЈО

0
By Нова ТВ on February 5, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владо Камбовски и Гордан Калаџиев, ги вкрстија „копјата“ околу идејата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да се формира тим од експерти во кој би партиципирале и тие, а кој  треба да работи на изготвување на законот за јавното обвинителство. Камбовски не се согласува, за Калаџиев таа е прифатлива. Камбовски за ТВ24 вели дека тој веќе ја води работната група формирана од Министерството за правда која работи цела година токму на законот за Јавно обвинителство и сите предлози таму се добредојдени. Но, според него нема логика шестмина професори, иако од Правниот факултет, сепак од различни области, да седнат и да напишат закон кој се однесува на јавнообвинителската фела.

„Јас ја водам таа работна група формирана од Министерството за правда и работеше цела година, со учество и на експерти кои доаѓаа од надвор и тоа се одвиваше во рамките на ОБСЕ, учествувавме ние поголем дел од академската заедница, но и од Јавното обвинителство кои треба да бидат најповикани да ги дадат идеите. Еден закон кој што се однесува на една исклучително важна фела како што е Обвинителството, не може да биде професорски закон. Мора да продолжи работата во таа работна група и секој што има предлози нека ги поднесе, таа работна група ќе се состане, таму мнозинството се професионалци кои цел живот работеле во Обвинителството. Немам ништо против предлози. Тоа таму е континуирана работа. Не се согласувам со таа идеја, бидејќи  веќе се работи на тоа законско решение на кое потрошивме многу енергија“, вели Владо Камбовски за ТВ 24, во врска со предлогот на Мицкоски покрај тој и Калаџиев и Гордана Силјановска, Никола Тупанчевски, Тања Каракамишева и Гордана Лажетиќ да изготват нов закон.

Професорот на Правен факултет, Гордан Калајџиев, пак, вели дека е прифатлива идејата која опозицискиот лидер вчера ја објави на прес-конференција. Калајџиев вели тоа е всушност негово барање, експерти да сработат таков клучен закон, со цел да се тргнат политичките наслаги кои предизвикуваат општа конфузија во општеството.

„Јас сум се залагал за тоа да го сработат експерти, а не политичари и уште лани во декември таков закон беше готов. Тоа е моја идеја за која се залагам подолго време. Овој закон кој е предложен се наполни со погрешни содржини. Според мене законот без идејата за СЈО нема реформи, планирано беше СЈО да стане трајна институција и тоа требаше да влезе во законот. Но, мотивите не беа толку благородни, се изманипулира да го снема ставот за рокот на истрагите, па потоа си додадоа делови да ги овековечат истрагите, па да се регулира дали е се доказ или не. За жал политичарите продаваат магла, а новинарите кои се нестручни, додаваат нова магла. Потребно е да се тргнат сите политички наслаги кои прават конфузија и нанесуваат проблеми во правниот поредок. Јас и не им ја гледам многу ни смислата со секакви предлози да се излегува, повеќе би рекол дека е од инает е отколку да има вистинска смисла законското решение“, смета Калајџиев.

Закон за Јавно обвинителство Калајџиев Камбовски Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.