Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Камчева признава: Јанева никогаш лично не побара пари, ниту беше присутна на исплатите

0
By Нова ТВ on December 10, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 10, 2019 14:36
Ана Камчева, сопругата на бизнисменот Орце Камчев, во денешното сведочење за случајот „Рекет“ призна дека поранешната специјалната обвинителка Катица Јанева никогаш лично не побарала пари. Исто така истакна и дека Јанева никогаш не била присутна кога се предавале парите.
Сепак, како што појасни, рекетот одел преку Бојан Јовановски. Таа додаде дека Јанева се јавувала на нејзиниот сопруг Орце Камчев додека беше во домашен притвор за „Империја“ и го убедувала „дека се ќе биде ОК“.
Потоа следуваа и прашања од Бојан Јовановски до Ана Камчева. Првообвинетиот во случајот „Рекет“ почна да ја прашува за содржината на разговорите од нивните средби и што наводно таа му зборувала за, како што рече „ценетиот и сакан сопруг, за неговата сестра и за свекрвата“.
На тоа доби опомена од судијката за изнесените квалификации. Не доби одговор од сведокот ниту на прашањето „на чие барање се појавил во домот на Камчеви“ што го нарече „велелепна палата“, како и „дали ги познава пријателите на Камчев од Бугарија“ кои ги опиша како „куќни пријатели“.
Јовановски продолжи да ја прашува Камчева „колку пати го посетила во Систина“ за време на двете хируршки интервенции за стеснување на желудникот, но и на колку места се обратила за вадење на нејзиниот сопруг од притвор, покрај адвокатот Васил Димишков. Сведокот, во однос на првото прашање, рече „отприлика двапати“, а на второто не даде одговор.
Првообвинетиот во случајот „Рекет“ го праша сведокот „дали се сеќава какви подароци му давале“ на што се вмеша обвинителката Вилма Русковска која се обрати со зборовите „зарем се малку милион и пол евра, па треба да зборуваме за дополнителни подароци“. Јовановски и возврати дека „тие милион и пол евра се измислени во вашата глава“ што беше причина за нова опомена од судијката Васка Николовска Масевска за почитување на редот во судницата.
Јовановски изрази извинување доколку отстапил од законското однесување и рече дека е под дејство на седативи „што го правеле своето“.
Ана Камчева Бојан Јовановски Случај „Рекет“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.