Спасовски негира: Не сум имал редовни контакти со Бојан Јовановски

Министерот за внатрешни работи, на новинарско прашање, одговори дека имал, како што рече, два-три службени контакти со првообвинетиот во случајот „Рекет“ што се однесувале на негови пријави за упад во електронскиот систем на телевизијата, но дека немало никакви други контакти со него или со било кој друг вклучен во криминални активности

Случај „Рекет“: Јанева не побарала пари од Камчева, Бошковска не знаела оти е снимена кога донела 710.000 евра

Ана Камчева, во својство на сведок во случајот „Рекет“, посведочи дека парите што таа требало да му ги однесе на Јовановски, во сума од 350.000 евра, ѝ ги донела нејзината свекрва Ратка во несесер. Исказ како сведок даде и Мирјана Бошковска Мими, сметководителката на Орце Камчев. Тврдеше дека на трипати во декември 2018-та извадила околу 22 милиона денари, а потоа во февруари уште 38 милиони денари од приватните сметки на Ана Камчева и на Ратка, мајката на Орце. Според нејзиното сведочење, 80 отсто од парите што таа му ги предала на Камчев биле во апоени од 50 евра. Парите ги предала во две спортски торби, едната поголема, а другата помала.Кога ги предала, во двете спортски торби имало 710.000 евра. Следното рочиште е закажано на 25 декември со нови тројца сведоци

Камчева признава: Јанева никогаш лично не побара пари, ниту беше присутна на исплатите

Сепак, како што појасни, рекетот одел преку Бојан Јовановски. Таа додаде дека Јанева се јавувала на нејзиниот сопруг Орце Камчев додека беше во домашен притвор за Империја и го убедувала „дека се ќе биде ОК“

Камчева: Јанева се фалеше со нејзината моќ

Според денешното сведочење на Ана Камчева, сопруга на Орце Камчев, второобвинетата во случајот „Рекет“, Катица Јанева во домот на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 побарала повлекување на гаранцијата од над 14 милиони евра во замена на мерката притвор во куќен притвор

Ново рочиште за „Рекет“: На ред е сведочењето на Ана Камчева

На последното рочиште, што се одржа на 6 декември, сведочеше Јордан Камчев, кој во повеќе наврати рече дека обвинетиот Боки 13 пробал да го уценува со, според него, наместен предмет „Империја“ покренат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и на нелегален начин да се стекне со поголема сума пари. Но, бизнисменот притоа откри и други лица и сподели многу информации