Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каменос ќе спречува Договорот да стигне до грчкиот Парламент

0
By Нова ТВ on September 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 17, 2018 11:51

Ќе направам се за овој договор да не дојде во парламентот. Но, ако договорот дојде во парламентот, тогаш немам друг избор, вели Панос Каменос повторувајќи го уште еднаш неговиот став дека Независни Грци ќе ја повлечат довербта за владата доколку Договорот од Преспа дојде за ратификација пред грчките пратеници.

Во интервју за утринската информативна емисија „Добар ден Грција” на грчката телевизија Антена, коалициониот партнер во грчката влада објасни дека тој би ги повлекол сите министри од владата и довербата пред договорот да дојде во парламентот, јави МИА од Атина.

– Јас веќе подолго време јавно се обврзав за една работа и ова не е сменето ниту ќе се смени. Ние нема да учествуваме во влада што ќе го донесе во парламентот овој договор, што значи дека ќе ја повлечеме довербата за владата, рече Каменос и објасни дека во  тој случај, пред договорот да дојде на гласање, ќе треба други партии да се обврзат пред грчкиот претседател дека ќе влезат во владата како коалициони партнери.

Каменос повтори дека Независни Грци „имаат разјаснето дека ниту го прифаќаат договорот, ниту отстапувањето на термионот Северна Македонија”.

Лидерот на Независни Грци ја обвини Македонија дека го прекршувала договорт и коментираше дека грчката страна ќе треба да види дали и колку се уште важи договорот и сега, но и подоцна доколку помине на референдумот и се завршат уставните промени.

– Имаме прекршување на договорот од страна на Скопје. Господинот Заев веќе го прекршува договорот. Го прекршува договорот кажувајќи работи кои не постојат во овој  договор, рече лидерот на Независни Грци и додаде дека токму за ова Ципрас телефонски, минатата седмица разговарал со Заев.

Коалициониот партнер во грчката влада и министер за одбрана на Грција, во интервјуто за ТВ Антена, уште еднаш го повтори она што го кажа и на прес-конференцијата во Солун минатата седмица дека на американските сенатори со кои се сретнал им објаснил дека Македонија била дел од планот на Тито и на Југолсавија за излез на море и додал дека во регионот „била пролеана крв”.

– И сега доаѓаат да им кажат на победниците дека ќе треба да помине ставот на поразените. И на крајот на краиштата чекаа 25 години да се реши прашањето, нека чекаат 35. И нека сфатат скопјаните, кои и што се? Тие се Бугари-Словени кои го имаат формирано ВМРО, Албанци кои се обидуваат да земат и тие еден дел од Скопје и говорат за Голема Албанија и некои Срби, рече Каменос, пренесе МИА.

Договор Каменос
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.