Во истовреме додека грчките телевизии ги објавуваат т.н. exit polls, односно, проценките на изборниот резултат од агенциите за истражување, лидерот на „Независни Грци“, Панос Каменос излезе со коментар на неговиот официјален Твитер профил.
„СИРИЗА се самоуби во Преспа“, напиша Каменос.
Според проекциите на агенциите за рејтинг спроведени за грчките телевизии, „Независни Грци“ ќе добијат меѓу еден и два отсто од граѓаните.